Во периодот од 8ми до 12ти ноември во Будимпешта, Унгарија се одржа обука на селектираните учесници во рамки на проектот Roma Youth Bring Change во соработка на РРОМА од Северна Македонија, Аутономија и Детективити од Унгарија и ЕРГО мрежата од Белгија. Проектот е поддржан од Ерасмус+ програмата на Европската Унија.
Целта на обуката беше учесниците да научат да фасилитираат детективска игра и да креираат граѓанска кампања во своите локални заедници. Преку интерактивни работилници им се даде можност да пробаат да направат кампања и детективска игра, како главни алатки преку кои ќе се истакнат актуелните општествени проблеми како што се дискриминација, насилство, расизам итн…
Главната цел на проектот преку спојување на двете алатки, детективност и граѓанска кампања, да се примами интересот на младите луѓе да станат проактивни граѓани кои што ќе станат свесни за својата сила и значајна улога во спречувањето на расизмот, дискриминација и насилство.