Во рамки на проектот „Loose Ends“ кој што е стратешко партнерство, финансирано од програмата Еразмус+ на Европската Унија и меѓународна соработка на три граѓански организации (EgyütthatóEgyesület – Унгарија, NevoParudimos – Романија и РРОМА – Кратово) беше реализирана дводневна обука за 5 истражувачи, реализирана на 16 и 17-ти Септември на зум платформата.
Истражувачите работеа на терен и имаа за задача да соберат и анализираат податоци од една специфична тема од областа на образованието на Ромските деца во специјалните училишта, како и зошто Ромските деца и нивните семејства завршуваат сегрегирани во ваквите институции. Како се одлучува и оценува Ромските деца да се запишат во специјалните училишта, каква е позадината, какви се реакциите на Ромските семејства кон ова итн.
Целна група беа лица кои веќе биле опфатени во овој процес, деца и семејства кои се или биле дел од специјално образование. Со истражувањето опфативме 25 лица. Времетраењето на едно интервју беше од 60 до 90 минути (deep interviews), истите беа снимени, на секое интервју е направена транскрипција на македонски јазик, анализа на англиски јазик и кодинг на англиски јазик.
Потребните задачи се извршуваа во период од еден (1) месец започнувајќи од 20-ти септември 2021, завршувајќи на 20-ти октовмри 2021 година.