На 05ти мај РРОМА со партнер организацијата Zero Discrimination од Турција одржаа онлајн состанок на зоом платформата во рамките на проектот “THE OTHER SCHOOL OF POLITICS“ финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant.
На овој состанок се дискутираше за идните активности и средби кои треба да се реализираат во рамките на проектот како и селектираните ментори. Освен за тековните и идните активности, на средбата исто така се разговараше за стратегијата и методите кои ќе се користат во текот на реализацијата на проектот.