Categories
Uncategorized Новости

Одржан првиот онлајн состанок со селектираните ментори во рамките на проектот ,,The Other School of Politics”

На 1 јуни РРОМА одржаа онлајн состанок на зоом платформата со селектираните учесници во рамките на проектот ,,The Other School of Politics”  финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant.

На овој состанок се дискутираше за идните активности и средби кои треба да се реализираат во рамките на проектот како и за улогата на менторите кои ќе земат учество. На состанокот се одлучи дека на 18 јуни ќе се одржи средба во живо на која што менторите ќе добијат подетални информации за нивната улога како и за стратегијата и методите кои ќе се користат во текот на реализација на проектот.