Categories
Uncategorized Новости

Отварање на изложба “РОМСКИОТ ГЕНОЦИД НИЗ ОЧИТЕ НА МЛАДИТЕ”

На 07 октомври (понеделник) во 12:00 часот во Просториите на Музеј на општина Берово, ќе се отвори изложбата “РОМСКИОТ ГЕНОЦИД НИЗ ОЧИТЕ НА МЛАДИТЕ” во рамките на проектот “Моето право да се сеќавам – Меморализација на Ромскиот геноцид” организирана од страна на РРОМА во соработка со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) како дел од Младинскиот културен фонд на Западен Балкан, во соработка со Министерството за надворешни работи на Германија и ЕРГО мрежата, Белгија.

Изложбата ќе трае до 10 Октоври 2024 година,  сите заинтересирани може да ја посетат, со влез слободен и да се заземеме решителен став против опасната клима на маргинализација и омраза, преку подигање на свеста, обезбедување информации и создавање култура на сеќавање.

Изложбата ќе биде отворена за посетители, од 10:30 до 15:30 часот.