Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „YEA – Youth Employment Action“ која што ќе се оддржува од 23 октомври до 01 ноември 2016 година во младинскиот камп Марабу, Милковени-Романија.
Размената се оддржува со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Целта на проектот е проблемот со младинското вработување да го адресира од двете страни истовремено, имено:
– институционалната страна: за да го подобри искуството и знаењето на младинските работници, социјални работници и друг вид на работници кои што работат со млади во областа на вработувањето и кариерното советување;
– корисничката страна: да даде можност на младите да откријат што значи да имаат одредена кариера, да им помогне при нивниот избор на рана возраст (14-19 години), и истовремено да им помогне при интервјуата за да можат да ги прикажат своите компетенции во најдобро светло (20-30 години).
Исто така, преку младинската размена се гради доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 10 европски земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија, Италија, Франција, Чешка, Унгарија и Бугарија).
Профил на учесници:
– Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 20 до 30 години;
– Да имаат желба да ги споделат своите креативни вештини и познавања од погоре наведените области;
– Да имаат желба да работат во група.
– Да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Романија!
– Работен јазик е англискиот!
Сместување и патни трошоци:
– Учесниците ќе бидат сместени во младинскиот камп Марабу, Милковени, Романија
– Патувањето ќе биде покриено од страна на организаторите;
– Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
– Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до договореното место за поаѓање и назад!
За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 14 октомври 2016, 16:00 часот!
Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Место на оддржување:
Милковени од 23 октомври до 01 ноември 2016 година!
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купен билет за патување за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истиот!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!