Categories
Конкурси Новости

Повик за едукативна обука ”LIVING TOGETHER, BREAKING HATE” во Леон, Шпанија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик тренинг курс “LIVING TOGETHER, BREAKING HATE” кој што ќе се оддржи  од 1ви до 7ми јули 2022 година (1ви и 7ми јули денови за патување) во Леон, Шпанија.

 

 

Целта на едукативната обука е да се создадат заеднички стратегии за промовирање на социјалната кохезија, човечки и социјални права и спречување на ексклузија, расизам, ксенофобија и омраза. Во моментов, во Европа се појавуваат не-европски и екстремни движења кои понекогаш влијаат на социјалната кохезија и човековите права.
Како методологија ќе се применува „Пирамидата на омразата“ за да се идентификуваат главните ризици во општеството и да се промовираат стратегии за создавање на општество со отворен ум поврзано со човековите права и пронаоѓање решенија за проблемите поврзани со ксенофобијата и расизмот.

22 учесника од Северна Македонија, Франција, Италија, Турција, Португалија, Бугарија, Грција и Шпанија ќе ја имаат можноста:

  • Да го разберат процесот на радикализација преку Пирамидата на омраза.
  • Да учат преку историските случаи на ескалација на омраза за опасноста од
    нормализација на расизмот и дискриминацијата
  • Да локализираат и учат од современите случаи на популизам, национализам,
    радикализација и насилство за начините на кои што различни општествени групи, политички
    движења и медиуми го поларизираат општеството во учеството на европските земји.
  • Да локализираат и учат од современите и историски случаи на позитивни наративи
    и инклузивни мерки
  • Да постават контрадикторна пирамида од Пирамидата на омраза.

Едукативната обука е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 27 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 5 јуни 2022 година (среда), најдоцна до 18:00 часот!