Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена Act intercultural 2 која што ќе се оддржува од 12 до 20 септември 2016 година во младинскиот камп Марабу, Милчовени-Романија.
Целта на младинска размена е околу 49-тина млади од 7 Европски земји (Македонија, Романија, Унгарија, Бугарија, Италија, Холандија и Република Чешка), преку неформалното образование од областа на ПР техниките, јавниот говор, Карл Попер дебата да ги стекнат основните вештини потребни при процесот на лобирање и вработување. Најголемиот акцент на оваа младинска размена ќе биде ставен врз интервјуто при вработување каде преку симулација и принципот “ sharing and learning” со локалните млади од селото Милчовени, младите од 7 држави ќе имаат можност да симулираат вистински процес на интервју за работа. Меѓу другото, учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за програмата Еразмус плус, театар во сенка и формати на младински конференции.
Профил на учесници:
- Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 20 до 25 години;
- Да имаат желба да ги споделат своите креативни вештини и познавања од погоре наведените области;
- Да имаат желба да работат во група.
- Да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Романија!
- Работен јазик е англискиот!
Сместување и патнитрошоци:
- Учесниците ќе бидат сместени во младинскиот камп Марабу, Милчовени, Романија
- Патувањето ќе биде покриено од страна на организаторите;
- Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
- Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до договореното место за поаѓање и назад!
За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар или електронската форма најдоцна до 31 Август, 16:00 часот! Испратете го на е-маилот: info@rromassn.org со предмет ACT 2.
Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Место на оддржување:
Милчовени од 12 до 20 септември 2016 година!
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купен билет за патување за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истиот!