Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКАТА РАЗМЕНА ,,F.A.E – FOOD, AIR & EXERCISE – THE TRIANGLE OF HEALTH” – ИТАЛИЈА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “F.A.E – Food, air & exercise – The triangle of Health”, која што ќе се оддржи  од 04 до 11 јули 2022 година (04 и 11 јули денови за патување) во Sasso di Castalda – Потенза, Италија.

Целта на младинската размена е да се изнајде психофизичка рамнотежа и да се промовира здравиот начин на живот кој во голема мера беше променет за време на пандемијата со Ковид-19. Преку оваа младинска размена ќе се истакне важноста на здравјето, благосостојбата и различните начини на кои може да се води здрав живот.

42 млади учесници од Македонија, Италија, Германија, Турција, Романија и Грција ќе ја имаат можноста:

  • Да учествуваат во колаборативни работилници
  • Да учествуваат во спортски активности (јога, планинарење итн..)
  • Да го збогатат знаењето како да одржат социјални активности во руралните средини.
  • Да го зголемат знаењето за здравиот начин на живот.
  • Да обрнат внимание на својот начин на живот.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 26 години (можни се исклучоци)
  • Средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Задолжителни документи за патување на учесниците:

  • Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
  • Патничко осигурување
  • Дигитален ковид сертификат добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА ( вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ)
  • Потврда за оздравување (за оние кои прележале ковид-19 во претходните 180 дена)

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 јуни 2022 година (среда), најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации.