Повик за младинската размена “Migration Never Stops – part II

РРОМА распишува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Кои се влијанијата на миграцијата врз животите, културата и идентитетот на луѓето? Целта на младинската размена е преку употребата на креативни методи и алатки да се добијат повеќе информации за човековите права, истражуваат приказните за миграција и сето тоа да се претстави низ очите на младите учесници.Ние сметаме дека миграцијата е силен одраз на почитување на човековите права во една земја. Сакаме да ги зајакниме капацитетите на учесниците да ги бранат човековите права и развијат стратегии за надминување на ексклузијата и дискриминацијата.
Исто така, преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 5 земји (Македонија, Германија, Бугарија, Романија и Литванија).
Младинската размена ќе се оддржи во Хотел Кратис, Кратово почнувајќи од 12 до 18 декември 2016. 
Можат да се пријават:
– млади Роми и не-Роми на возраст од 16 до 30 години;
– младински работници, волонтери, уметници…
– работен јазик е англиски и јазикот на креативноста 😛
Дел од работата на младинската размена ќе биде креирање на стрипови, кратки видеа и текстови поврзани со темата!
Би ве замолиле да се пријавите најдоцна до 01 декември (18.00 часот) кликајќи на линкот Апликација за MNSII 2016!
Сите трошоци поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторот!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!