Categories
Uncategorized Конкурси

Повик за младинската размена “Organic farming – entrepreneurship opportunity for young people in rural areas ”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Organic farming – entrepreneurship opportunity for young people in rural areas ” , која што ќе се одржи  од 01 до 12 јули 2022 година 1 јули и 12 јули се денови за патување) во Бребу, Романија.

 

 

Идејата на проектот започна од фактот дека поради пандемијата бројот на млади од обесправените средини и дискриминираните групи, без работа, многу се зголеми. Овие млади
луѓе се чувствуваат маргинализирани, исклучени, одбиваат да комуницираат и не чуствуваат одговорност за граѓанска вклученост за развој на нивната заедница.

Проектот „Organic farming – entrepreneurship opportunity for young people in rural areas“ е 10-дневна младинска размена на која учество ќе земат 40 млади луѓе на возраст од 16 до 24 години, со приоритет од руралните или периферните урбани средини, од 5 земји: Македонија, Бугарија, Шпанија, Турција и Романија.

Целите на младинската размена се:

  • Да се збогати знаењето на 40-те млади луѓе, од 5 земји, за еколошкото земјоделство и претприемништво во руралните средини;
  • За време на размената да се развијат претприемачките и иновативните вештини на учесниците, со тоа што ќе развијат бизнис идеи за доброто на заедницата;
  • Да се поттикне интересот на учесниците, да практикуваат и промовираат органско земјоделство и
    претприемништвото, како активни граѓани вклучени во развојот на руралната заедница, при размената и по престанокот на истата.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 24 години (можни се исклучоци)
  • Средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Задолжителни документи за патување:

  • Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
  • Патничко осигурување
  • Дигитален ковид сертификат добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА ( вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ)
  • Потврда за оздравување (за оние кои прележале ковид-19 во претходните 180 дена)

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 јуни 2022 година (среда), најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации!