Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена “The Journey of your Life” која што се оддржува од 17 до 25 септември 2017 година во Малага, Шпанија.
Темата на младинската размена е претприемништвото и вработувањето на младите. 35 учесници од 7 европски земји (Шпанија, Македонија, Германија, Романија, Унгарија, Србија и Литванија) ќе имаат можност за споделуваат искуства, научат нови нешта и да ги прошираат своите видици поврзани со темата. Младите ќе работат со искусни експерти од областа на претприемништвото и старт-ап бизнис, но исто така ќе споделуваат свои култури и традиции. Видеото од претходната младинска размена во Малага, можете да го погледнете тука:
Профил на учесници:
- Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 30 години; студенти, волонтери, младински работници, млади кои што не се во образование, работа или обука (NEET – Not in education, employment or training);
- предност ќе имаат младите на кои што оваа младинска размена ќе им биде прво Еразмус плус искуство;
- да имаат желба да споделуваат знаење и работат во група;
- да подготват презентација за младинското вработување и претприемништвото во Македонија;
- да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
- да имаат доволно познавање на англискиот јазик за комуницирање! Не ја исклучуваме можноста на меѓусебно помагање и преведување!
- да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Шпанија!
Сместување и патни трошоци:
- Учесниците ќе бидат сместени во хостел во Малага;
- Патувањето ќе биде пресметано по економска тарифа за летање и покриено од страна на организаторите;
- Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
- Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до договореното место на поаѓање и назад!
За да се пријавите:
- Потполнете го следниот формулар најдоцна до 29 август 18:00 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурувањеи да ги покриете трошоците до договореното место на поаѓање. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС! |