Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „BE ACTIVE IN YOUR COMMUNITY!” која што ќе се одржи од 31.01.2024 јануари до 09.02.2024 февруари ( 31ви јануари и 9ти февруари се денови за патување) во Бребу, Караш-Северин, Романија.
Младинската размена ќе се спроведува во Бребу, Романија
и овој проект ќе соедини 63 учесници од Романија,
Шпанија, Србија, Италија, Турција, Полска и Република
Северна Македонија. Во текот на 8 – дневната размена, работните
методите ќе се засноваат на неформално образование, како што се:
дебати, симулациски игри, тим билдинг, работилница,
интеракција со локалното население, интеркултурна вечер, културни активности и рефлексии.
Цели на проектот:
- Да се збогати знаењето на младите луѓе, од 7 земји,
за време на размената, за борба против климатските промени; - Да се развијат, вештините и компетенциите што им се потребни на младите луѓе од 7 земји за организирање и спроведување на волонтерски активности за борба против климатските промени;
- Да се поттикне младинскиот интерес кај младите, да станат гласници на практиката и промоцијата на волонтирање за борба против климатските промени во заедницата, за време на
размена и по престанокот на неговото финансирање. Во извршувањето на активностите на размената се користат стратегии за неформално образование, а за вештините стекнати во процесот на учење на размена, учесниците ќе добијат Youthpass сертификат.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 16 до 24 години (можни се исклучоци)
- средношколци, младински работници, волонтери
- Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
- организации
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
- Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 17ти јануари 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!