Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за младинска размена „DIGITALLY UNITED“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „DIGITALLY UNITED“ која што ќе се одржи  од 04.12.2024 декември до 13.12.2024 декември ( 03ти и 12ти ноември се денови за патување) во Бребу, Романија.

Цел на проектот:
“Digitally United” има за цел да ги поттикне младите луѓе со напредни дигитални вештини, да ја подобри меѓукултурната соработка и да инспирира креативни решенија за општествените прашања преку употреба на дигитални технологии.

Цели на проектот:

1. Дигитално зајакнување: да ги опреми учесниците со напредна дигитална писменост и практични вештини за користење на виртуелни алатки.
2. Кроскултурна соработка: Да се промовира тимска работа и комуникација преку границите преку дигитални платформи.
3. Водење на социјалната промена: Да се инспирираат учесниците да ја користат технологијата за општествено добро, применувајќи дигитални решенија за предизвиците на заедницата во реалниот свет.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 25 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
  • организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена
  • Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 25ти октомври 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!

https://forms.gle/SeRMfDZN6WooFQZQ6

*ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавените учесници да имаат соодветни, нови (важечки) патни исправи (Пасош со новиот назив – Северна Македонија)