ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,,I VOTE, YOU VOTE, WE VOTE”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “I VOTE, YOU VOTE, WE VOTE” , која што ќе се оддржи  од 20 до 31 август 2022 година (20 и 31 август се денови за патување) во Бребу, Романија.

 

Целта на овој проект е да ги поттикне младите да учествуваат во процесот на гласање како активно вклучени граѓани во заедниците во кои што живеат и во процесот на донесувањето одлуки кои им влијаат.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 22 години (можни се исклучоци)
  • Средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Задолжителни документи за патување:

  • Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
  • Патничко осигурување
  • Дигитален ковид сертификат добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА ( вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ)
  • Потврда за оздравување (за оние кои прележале ковид-19 во претходните 180 дена)

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 10 јуни 2022 година (петок), најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации!