Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за младинска размена „MY VOICE IS IMPORTANT!”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „MY VOICE IS IMPORTANT!“ која што ќе се одржи  од 12.08.2024 август до 20.08.2024 август ( 12ти и 20ти август се денови за патување) во Бребу, Романија.

Се прашувате зошто е важно да гласате? Или зошто е клучно да бидете активен граѓанин? Љубопитни сте како гласа Европската унија или кои се одговорностите на претседател или градоначалник? Придружете се на нашата Еразмус младинска размена, каде што ќе ги истражуваме овие прашања и многу повеќе!

За време на оваа предвидена размена, ќе го истражуваме значењето на гласањето и активното граѓанство, ќе го разјасниме процесот на гласање во ЕУ и ќе обезбедиме подлабоко разбирање за улогите и одговорностите на клучните политички фигури. Дојдете да учите, да се вклучите и да се оспособите да бидете поинформиран и активен учесник во демократијата!

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
  • организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена
  • Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 7ми август 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!

*ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавените учесници да имаат соодветни, нови (важечки) патни исправи (Пасош со новиот назив – Северна Македонија)