Categories
Конкурси

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА “PROMOTING INCLUSION AND EMPLOYMENT TROUGH ART “

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена  “PROMOTING INCLUSION AND EMPLOYMENT TROUGH ART ” која ќе се одржи од – 01-10 септември во Dognecea, Romania.

Целта на проектот е да се поттикне вклучување на мигранти, бегалци кои доаѓаат во Европа, вклучвајќи ги и баратели на азил во минлива правна процедура, да се создадат мостови помеѓу мигрантите и локалните заедници преку културата, уметноста и образованието, како и да се претстави европската култура и нејзините вредности, за обезбедување на процес на вклучување во двете насоки во локалното европско општество.
Понатаму, да се зголеми способноста за вработување на мигрантите и бегалците преку развивање на нивните вештини да присуствуваат на интервју за работа и да се создаде европска биографија, истовремено со учење за пазарот на труд во Европа.

На младинската размена 48 млади од Северна Македонија, Романија, Бугарија, Италија, Грција, Велика Британија, Литванија и Турција ја имаат можноста да:

  • да се оспособат 48 млади млади бегалци, баратели на азил, млади со миграциско потекло од 8 европски земји во идентификување алатки за комуникација и како да ги користат за создавање врски со локалната заедница;
  •  да се зголемат можностите за вработување за бегалци и мигранти преку учење за CV на Еуропас, како да присуствуваат на интервју и какви се барањата на пазарот на трудот во 8 европски земји;
  • да се зајакнат 48 учесници кои доаѓаат од 8 европски земји во организирање настани „Животна библиотека“ во нивните заедници, да обезбедат безбеден простор каде учесниците ќе можат да ги споделат своите животни приказни и да создадат мост помеѓу нив и младите во нивната заедница;
  • да се подигне свеста за важноста од прифаќањето, вклучително и поддршката на бегалците, баратели на азил и мигранти во Европа, користејќи неколку уметнички алатки: театар, музика, рачни изработки.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади од 18 – 30 години (лидерот на групата над 30 год.)
  • Студенти, Средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават на меил info@rromassn.org или со пишување порака на facebook и instragram  профилот на РРОМА  најдоцна до  25 Август 2021 година (среда ), најдоцна до 18:00 часот!