Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Stronger together” , која што ќе се оддржи од 02 до 10 август во Бребу, Романија.
Целта на оваа младинска размена е на 48 учесници од Северна Македонија, Романија, Германија, Шпанија, Турција и Бугарија да:
- научат како да се зголемат капацитетие на лицата со посебни потреби, лицата со посебни потреби да создадат нешто ново, да живеат самостојно;
- да се подигне свеста на не-инвалидните лица за лицата со попреченост и да научат како да покажат емпатија кон лицата со попреченост;
- да се подобрат комуникациските вештини едни меѓу друи.
- да научат како да ги прилагодат театарските вештини во нивниот живот.
Во текот на 8 работни дена, работните методи ќе се базираат на неформално образование, како што се: креативни драмски техники, симулациони игри, градење тим, разни работилници како што се танц, музика, правење кукли итн., Интеракција со локалното население, интеркултурни ноќи, културни активности и рефлексии.
Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.
На повикот може да се пријават:
- Младите луѓе на возраст меѓу 16-24 години
- – со некои основни потешкотии во учењето како што се дислексија, диспраксија, АДХД
- – не инвалидни млади
- Студенти, Средношколци, младински работници, волонтери
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 28 јули 2021 година (среда), најдоцна до 18:00 часот!
Пред заминување за Романија со селектираните учесници ќе се одржи средба на онлајн ЗООМ платформата.