Categories
Конкурси

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА “Tolerance-the path to inclusion”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Tolerance-the path to inclusion” , која што ќе се оддржи  од 13 до 24 јули во Бребу, Романија.

Целта на младинската размена е да прода развијат капацитет на 48 млади луѓе за планирање, организирање и промовирање на едукативни и уметнички настани за време на проектот.мовира толеранција и разбирање помеѓу младите Роми и не-Ромите за да се зголеми нивната вклученост и учество преку уметноста како метод за промовирање на позитивна слика за заедницата на Ромите.

48 млади Роми и не-Роми од Северна Македонија, Романија, Италија, Полска, Грција и Шпанија имаат можност:

  • да се зголеми знаењето за граѓанска вклученост и учество на 48 учесници за време на размената на млади;
  • да се развиваат уметничките вештини (театар, музика, танц);
  • да ја зголемат мотивацијата и довербата во сопствените сили;
  • да се зголеми нивото на прифаќање и разбирање на интеркултуралноста и различноста за време на младинската размена;
  • да се развијат капацитетите на 48 млади луѓе за планирање, организирање и промовирање на едукативни и уметнички настани за време на проектот.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми од 16  до 22  години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  5 јули 2021 година (понеделник), најдоцна до 18:00 часот!

Пред заминување за Романија со селектираните учесници ќе се одржи средба на онлајн ЗООМ платформата.

Ве очекуваме!