Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „Vote for you!“ која што ќе се одржи од 22.05.2024 мај до 31.05.2024 мај ( 22ри и 31ви мај се денови за патување) во Бребу, Романија.
Проектот се спроведува во рамките на 10-дневна младинска размена од 22 до 31 мај 2024 година во Романија, со активно учество на 48 млади луѓе од 7 земји (Германија, Португалија, Шведска, Шпанија, Грција, Романија и Северна Македонија).
Целта на нашиот проект “Vote for you!” е да ги мотивира младите да учествуваат во гласањето, изразувајќи ја својата желба да изберат и да бидат избрани како европски граѓани, активно вклучени и одговорни во животот на нивната заедница.
Цели на проектот:
- Да се збогати знаењето на учесниците за избирачите и за улогата на институциите/телата кои произлегуваат од гласањето;
- Да се олесни дијалогот меѓу учесниците за избори, учество во процесот и нивно вклучување како активни европски граѓани;
- Да се развие капацитетот на учесниците да организираат конкретни локални информативни кампањи за да ги мотивираат младите активно да се вклучат во нивните локални заедници.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 18 до 24 години (можни се исклучоци)
- средношколци, младински работници, волонтери
- Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
- организации
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
- Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 7ми мај 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!
*ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавените учесници да имаат соодветни, нови (важечки) патни исправи (Пасош со новиот назив – Северна Македонија)