РРОМА распишува повик за учество на меѓународна обука, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата.
Обуката има за цел преку употребата на неформално образование да ги информира младите за процесите на демократија, почитување на човековите права, правото на информирање и пристап до информации од јавен карактер, правото на глас и избор, како и за нивните права како граѓани на своите општини. Учесниците на обуката ќе креираат свои планови за акција, кои што по завршувањето на обуката ќе можат да ги реализираат во своите општини.
Исто така, обуката ќе овозможи простор за дружба со учесници од Германија, Чешка, Италија, Литванија, Летонија, Турција, Австрија и Бугарија!
Обуката ќе се оддржи во Хотел Кратис, Кратово почнувајќи од 11-ти до 18-ти јули 2016.