Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на семинарот ,,ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY” кој што ќе се одржи од 9 до 16 декември 2022 година (9ти и 16ти декември се денови за патување) во Берлин, Германија.
8-дневниот семинар организиран од Амаро Дром ќе опфати 30 ромски и неромски млади и младински активисти од 7 европски земји (Германија, Северна Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија и Италија).
Семинарот има за цел:
- Да развие сеопфатен пристап за прашањето за сеќавање на геноцидот и едукација на маргинализираните младите,
- Нивно ефективно вклучување и учество во локални, национални и меѓународни програми, за зајакнување на соработката и односите меѓу ромските и неромските млади и младински организации.
- Зајакнување на концептуалното разбирање за меѓукултурен дијалог, младинско вклучување, еманципација, мобилизација и активно граѓанство.
- Воспоставување систем за поддршка за зајакнување на капацитетите на младите Роми и развој на нови проекти во рамките на новата програма Еразмус плус.
Овој проект промовира позитивна слика за Ромите како активни граѓани и е посветен на зајакнување на довербата, меѓусебното почитување и заеднички ангажман на младите Роми и не-Роми. Овој проект не само што ќе го зголеми знаењето и чувствителноста на младите Европејци на темите Човекови права, Ромскиот геноцид и антициганизмот, туку зголемената свест кај младите Роми и не-Роми може да ја зајакне свеста на учесниците за нивната улога и одговорност во рамките на нивните заедници, општеството и во Европа воопшто.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 16 до 28 години (можни се исклучоци)
- средношколци, младински работници, волонтери
- Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 23 декември 2022 година, најдоцна до 18:00 часот!