Оглас за работа: РРОМА вработува!!!

БАРАМЕ МЛАДИНСКИ КООРДИНАТОР/КА!

РРОМА објавува јавен оглас за вработување на младински координатор/ка, со фокус на активности поврзани со работа на млади Роми и не-Роми преку неформално образование, вклучување и соработка со меѓународни организации и партнер-организации од мулти-етнички карактер.

Работното место предвидува работа со млади од маргинализирани и ранливи групи, патување во странство, како и координирање и администрирање на тековните проекти поврзани со млади, најчесто во рамките на Еразмус плус програмата, но исто така вклучување и работа на останати активности и проекти по потреба, како што е креирање на повици за учество, селекција на учесници, организирање на патувања, организација на настани итн.

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Најмалку завршено средно образование
  • Искуство со работа на маргинализирани и ранливи групи на граѓани
  • Сензибилност за работа во мулти-етничка средина
  • Валидна патна исправа (пасош) поради патување во странство
  • Основни ИТ вештини
  • Солидно познавања на англискиот јазик
  • Принципи на навременост, одговорност и проактивност
  • Изградени способности за тимска работа и комуникација

ШТО НУДИМЕ?

  • Осигурување и работно место со полно работно време од 40 часа неделно.
  • Кандидат(к)ите ќе работат во канцеларијата во Кратово, по потреба.
  • Бруто плата од 40.000 денари
  • Покривање на трошоците за патување во странство

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Најдоцна до 16 Март 2022 година, 23:59 часот заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  • Мотивационо писмо
  • CV

Ве молиме во апликацијата да наведете име и презиме, телефон и e-адреса за контакт.

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на повикот.

Во зависност од изборот, организацијата може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.

РРОМА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Документите со назнака/предмет на пораката Младински координатор 2022 можете да ги доставите електронски на: info@rromassn.org

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост и по предвидениот рок за доставување нема да бидат земени во предвид.