Categories
Uncategorized Новости

РРОМА СТАНА ЧЛЕНКА НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА YOUTH EXPRESS NETWORK (YEN)

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА), на 7ми декември, 2022 на онлајн платформата Зум, присуствуваше на 29то Генерално Собрание на европската мрежа Youth Express Network, на кое што доби зелено светло да стане полноправна членка.

На собранието се разговараше за годишниот план за 2023 како и за предвидениот буџет и проекти кои ќе следуваат. Беше одберен и нов управен одбор како и нов претседател на мрежата од страна на членките.

Youth Express Network е европска мрежа на грас-рут младински организации. Нивната визија е да се дојде до инклузивно општество, каде што младите луѓе, нивните потреби и учество ќе бидат препознаени и ценети.

Организациите-членки на мрежата работат на локално, регионално и/или европско ниво на социјалната вклученост на младите луѓе. Одбор е паневропски и составен од млади луѓе а канцеларијата за координација е со седиште во Стразбур, Франција.

Оваа мрежа работи на охрабрување на младите луѓе со помалку можности да го слушнат својот глас во локалните, регионалните и меѓународните институции, или преку нивно претставување или поддржувајќи ги да создаваат и да бидат дел од младински совети и младински иницијативи.

Од 1993 година, YEN има организирано повеќе од 120 меѓународни активности кои ги здружуваат младинските организации, социјалните/младинските работници и младите луѓе со помалку можности а воедно се и полноправна членка на Европскиот младински форум (YFJ) и на ИНГО конференцијата на Советот на Европа.