Categories
Uncategorized Конкурси Новости

РРОМА учествуваше на тренингот „When Scars Become Art“ во Нови Сад

Со задоволство споделуваме дека Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) учествуваше на меѓународниот тренинг за младински работници во рамките на проектот „When Scars Become Art“, кој се одржа од 13 до 20 јули 2025 година во Нови Сад, Србија.

Овој проект имаше за цел да:

  • ги развие компетенциите на 30 младински работници од различни европски земји во областа на инклузијата и работата со млади;
  • ги поддржи учесниците во примена на креативни и иновативни методи при работа со ранливи групи;
  • го продлабочи разбирањето за темите на расизам, антициганизам, ксенофобија и нивното влијание врз менталното здравје и благосостојбата.

Учество на вакви иницијативи ни овозможува да размениме искуства, да создадеме нови партнерства и да придонесеме кон унапредување на инклузивните младински политики.
РРОМА останува посветена на создавање можности за младите и поттикнување позитивни општествени промени.