Во рамките на проектот “Нови Решенија за Старите Проблеми” на 21 Април започна „Пазарот на проекти“ каде што 11 Ромски и про-Ромски организации од мрежата ЕРГО на 21 и 22 Април ги споделија своите најдобри практики на проекти за вклучување и зајакнување на Ромите. Го покажаа огромното богаство на искуство на Ромското граѓанско општество и влијанието што можат да го имат.
На „Пазарот на Проекти “ присутвуваа многубројни гости од меѓународни организации, Амбасади и партнерски граѓански организации, меѓу нив грановите за ЕЕА и Норвешка, Норвешка Амбасада , Институтот Tom Lantos, Фондацијата ERSTE, Zentralrat Deutscher Sinti und Roma , Фондацијата Hildegard Lagrenne.
Првиот ден своите добри практики (проекти) ги презентираа следните држави:Албанија, Чешка, Литванија, Словакиа и Унгарија.
После презентациите имаше преговори меѓу продавачите и купувачите на „Пазарот“. Купувачите (Ромските и про-Ромските граѓански организации) им објаснуваат на продавачите зошто саакат да ги имплементираат добрите практики презентирани од продавачите на нивните земји, да поставуваат прашање и да дознаат повеќе за тоа што е потребно за добрата практика.
На 22 Април следниве земји ги презентираа своите добри практики: Босна и Херцеговина, С.Македонија, Романија, Турција и Бугарија. Потоа следуваше преговори меѓу продавачите и купувачите на „Пазарот“.
„ Нови решенија за старите проблеми-размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ е финасиран од Исланд,Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка.
The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.