Categories
Конкурси

Јавен повик за Експерт за изработка на Мониторинг извештај на граѓанското општество

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација – РРОМА Кратово, во рамките на проектот на Европската унија „Жените Ромки – моќ на промените во Западен Балкан и Турција“ референца за договор за грант 2019/413-758, финансиран од Европската комисија, DG NEAR во рамките на ИПА Програма, објавува повик за ЕКСПЕРТ за ИЗРАБОТКА НА МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

Собирањето податоци за извештајот од мониторингот започнува со истражување за достапните информации и актуелните податоци, создавајќи преглед на ситуацијата. 

Опис на работен ангажман:

  • Подготовка на извештајот за мониторинг на граѓанското општество кој ќе го оцени дизајнот и имплементацијата на политиките релевантни за вклучувањето на Ромите во Западен Балкан и Турција,
  • Експертот треба да ја оцени секоја политичка област:
  • Дали НАП/Стратегијата правилно ги идентификува предизвиците и обезбедува доволно разбирање за нив?
  • Дали НАП/стратегијата содржи релевантни мерки за справување со овие предизвици?
  • да ги идентификува недостатоците и
  • да препорача подобрувања
  • Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

 Потребни квалификации:

  • Запознаеност со Ромската проблематика
  • Високо развиени аналитички вештини;
  • Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

Должина на извештајот:

Извештаите треба да вклучуваат факти и податоци – колку што е можно повеќе и во форма на графикони, табели, мапи итн. – и треба да избегнуваат долги описи.

Идеалната должина на сеопфатен мониторинг извештај  може да се движи од минимум 15 страници и максимум околу 35 страници

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на експертот/ката
  • Кратка предлог методологија за работа во 1 страна
  • Прилог со референци од претходно искуство
  • Финансиска понуда
  • преку електронска пошта, на info@rromassn.org со назнака: Понуда за изработка на мониторинг извештај на граѓанското општество.

Рок на аплицирање: 31.05.2024 година до 16.00 часот. Најповолната понуда ќе биде избрана од страна на РРОМА.

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на РРОМА. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од РРОМА.

Временска рамка:

Подготовка на нацрт – верзија на документот – најдоцна до 15.06.2024г.

Усогласување на нацрт-верзијата со коментарите од проектниот тим – најдоцна до 20.06.2024г.

Финализација на документот– најдоцна до 25.06.2024г.