Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПРОЕКТОТ “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”

РРОМА објавува повик за учество на проектот “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”, кој што започнува од 17 мај до 24 мај со обука во Берлин, Германија. Проектот е поддржан од Еразмус плус програмата.Целта на овој проект е да се подобри искуството и знаењето на младинските работници, волонтери и останатите лица кои што работат со млади во секторот за вработување и кариерно советување со цел да им се даде можност на младите да искусат и да откријат што значи да имаат одредена кариера.

Во проектот се вклучени 8 младински организации од 8 европски држави (Германија, Македонија, Романија, Унгарија, Турција, Франција, Италија и Бугарија) во 4 активности кои таргетираат 158 млади Роми и не-Роми. Предвидените активности се:

а) Обука на младинските работници, волонтери и лидери/ки за младинските размени, која што се оддржува од 17 до 24 мај во Берлин, Германија

б) Прва младинска размена на тема младинско вработување и кариерно советување во Романија од 21 до 30 јуни 2018 (дополнително повик за учесници за младинската размена ќе биде објавен)

в) Втора младинска размена на тема младинско вработување и кариерно советување во Романија од 13 до 22 јули 2018 (дополнително повик за учесници за младинската размена ќе биде објавен)

г) Евалуационен семинар за младинските работници, волонтери, лидери и учесници на младинските размени во Берлин од 20 до 26 септември 2018 година

На проектот и повикот за учество може да се пријават:

  • Млади од 18 до 30 години (можни се исклучоци) кои се заинтересирани за темата;
  • Младински работници, волонтери, лидери/ки;
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Учесниците кои ќе бидат дел од обуката “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking” во Берлин задолжително земаат учество на младинските размени “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking” како лидери/ки на група.

Трошоците поврзани со проектот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 03 мај 2018 година (четврток), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!