Categories
Новости

Младинска размена “Talentube” – Малага 2016

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „Talentube“ која што се оддржува од 26 септември до 02 октомври 2016 година во Малага, Шпанија.
Младинската размена има за цел креативно да ги мобилизира и зајакне капацитетите на околу 40 млади учесници од 8 европски земји (Шпанија, Македонија, Италија, Германија, Турција, Србија, Франција и Монтсерат).

Учесниците ќе имаат можност да ги покажат и споделуваат своите вештини од областа на неформалното образование, да креираат свои видеа за културата, соживотот итн. Исто така, на еден ден учесниците ќе презентираат своја игра која што може да се игра со деца, и своја музика, храна, традиции и др.

Размената се оддржува во Малага од 26 септември до 02 октомври 2016 година.

Профил на учесници:

– Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 30 години; кои што не се во образование, работа или обука (NEET – Not in education, employment or training);

– предност ќе имаат младите на кои што оваа младинска размена ќе им биде прво Еразмус плус искуство;

– да имаат желба да споделуваат знаење и работат во група;

– да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!

– Да имаат доволно познавање на англискиот јазик за комуницирање! Не ја исклучуваме можноста на меѓусебно помагање и преведување!
– да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност од како ќе се вратат од Шпанија!

Сместување и патни трошоци:

– Учесниците ќе бидат сместени во хостел во Малага

– Патувањето ќе биде пресметано по economy тарифа и покриено од страна на организаторите;

– Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
– Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до аеродромот Скопје и назад!
За да се пријавите:

Потполнете го следниот формулар најдоцна до 29 август 18:00 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!