Categories
Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКАТА РАЗМЕНА “ReCreative use of waste” – Романија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена ReCreative use of waste која што  се оддржува од 4-ти до 14-ти август 2016 година во младинскиот камп Марабу, Милчовени, Романија.

Целта на младинска размена е околу 40-тина млади  од 6 Европски земји (Македонија, Романија, Шпанија, Словачка, Полска, Украина и Кипар) преку неформалното образование да ги споделат знаењата за важноста на рециклирањето, и влијанието што го има врз нашата  животна средина, да се промовира креативното рециклирање и развојот  на граѓанскиот дух. Ќе се организираат работилници со (пластика, стакло, дрво). Сите овие активности се насочени кон зголемување на културната свест на секој учесник со користење на уметноста и дизајн и како тие, тоа искуство да го пренесат во сопствената земја. Преку работилници за рециклирање, младите ќе научат како од ништо да создадат нешто.

Профил на учесници:

  • Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 15 до 25 години;
  • Да имаат желба да ги споделат своите креативни вештини;
  • Да имаат желба да работат во група.
  • Да работат и научат за рециклирањето, без предрасуди!
  • Да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Романија!
  • Работен јазик е англискиот!

Сместување и патни трошоци:

  • Учесниците ќе бидат сместени во младинскиот камп Марабу, Милчовени, Романија
  • Патувањето ќе бидепокриено од страна на организаторите;
  • Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
  • Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до договореното место за поаѓање и назад!

За да се пријавите:

Потполнете го следниот формулар најдоцна до 25-ти јули, 16:00 часот! Испратете го на е-маилот: info@rromassn.org со предмет RE16.
Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Место на оддржување:

Милчовени од 04-ти до 14-ти август 2016 година! Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купен билет за патување за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истиот!