Од 1 до 2 јуни, нашиот претставник од РРОМА, Едис Еминоски, активно учествуваше во процесот на изготвување и унапредување на Националните акциски планови (НАП) во рамките на повеќе тематски области:
✅ Антициганизам
✅ Млади Роми
✅ Жени Ромки и девојчиња
✅ Здравство
✅ Култура
✅ Вработување
✅ Граѓанска регистрација
✅ Домување
✅ Социјална заштита и инклузија
✅ Образование
Преку своето активно учество и експертиза, РРОМА даде значителен придонес во подготовката, подобрувањето и унапредувањето на Националните акциски планови, со цел тие подобро да одговорат на реалните потреби и предизвици со кои се соочува ромската заедница.

Настанот беше организиран од ОБСЕ, претставувајќи важна платформа за заедничка работа, дијалог и креирање политики кои ќе придонесат за поголема инклузија, еднаквост и подобар квалитет на живот за Ромите во државата.

