Денеска успешно се одржа финалната конференција „When Scars Become Art – Becoming Art“, посветена на менталното здравје и инклузијата на младите Роми, мигранти и бегалци.
На конференцијата беа презентирани резултатите, активностите и постигнувањата од проектот, како и значењето на уметноста, поддршката и заедничкото делување во создавање поинклузивно и посигурно општество за младите.
Преку инспиративни презентации, дискусии и споделување искуства, учесниците имаа можност да ја истакнат важноста на менталното здравје, креативното изразување и меѓусебната поддршка.
Благодарност до сите партнери, учесници и поддржувачи кои беа дел од ова значајно финале и придонесоа за успехот на конференцијата. 💜


