Categories
Новости

Младите од Македонија учествуваа на одбележување на 75 годишнината од Ромскиот геноцид

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово учествуваше со претставници од Македонија на настанот за оддбележување на 75 годишнината од геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна. Настанот се оддржа од 29 јули до 3 август 2019 година во Краков, Полска.

Настанот се организира од 2010 година од страна на интернационалната Ромска младинска мрежа ternYpe (http://ternype.eu/) како иницијатива за сеќавање на Ромскиот геноцид, односно 2 август (http://2august.eu/). Низ годините, настанот успеа да прерасне во традиционално младинско одбележување и сеќавање на Ромскиот геноцид. Годинава, учествуваа околу 500 млади Роми и не-Роми од 25 европски земји на работилниците и едукативните настани во Краков и посети на музејот Аушвиц и комеморацијата во Аушвиц-Биркенау.

Едукативната програма за 2019 година се состоеше од 16 работни групи под водство на 2 фасилитатори, вкупно 35 фасилитатори работеа со младите луѓе. Учесниците во работните групи имаа можност да се запознаат и дознаат повеќе за ужасите од страна на нацистите, геноцидот, антициганизмот во модерното време, како и важните датуми 2 август 1944 и 16 мај 1944, но и како да се сеќаваме на 2 август и да превземеме акција во борбата против расизмот.

Еден ден беше посветен за посета на музејот Аушвиц и Аушвиц-Биркенау каде што учесниците низ 8-часовна едукативна тура добија информации за концентрациониот логор и ја посетија изложбата посветена на Ромите во барака бр.13. Исто така, го посетија Аушвиц-Биркенау, односно имаа можност да го видат т.н. Камп на циганските фамилии и да ги посетат остатоците од крематориумот бр.5 каде што ноќта помеѓу 2 и 3 август 1944 година, 4300 Ромски жени, деца и стари лица беа погубени.

Исто така, учесниците имаа можност да се сретнат со Џеси Џексон, истакнат активист за човекови права од Америка.

На 2 август 2019, учесниците беа дел од комеморацијата на Ромскиот геноцид. Оваа година имаше околу 500 млади Роми и не-Роми од 25 европски земји. На последниот ден беа презентирани резултатите од работните групи од страна на учесниците. За повеќе информации поврзани со настанот, можете да ја посетите ФБ страната: https://www.facebook.com/DikhHeNaBister/

Categories
Новости

РРОМА има 10 години!

Пред 10 години … Започнавме регионално. Образувавме млади. Се препознававме по акција. Не гледавме од страна. Учествувавме!
Денес…
Напредувавме. Се развивавме. Го кршиме циклусот на вообичаеното. Се пробиваме. Стануваме своја сила! 
На 15 декември 2017 година, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово го прослави 10 роденден.

На настанот беа презентирани достигнувањата на РРОМА во изминативе години, меѓу кои позначајни се добивањето на Staying Alive Award во 2010, како и ЕУ наградата за Ромска интеграција на млади во 2017. Исто така беше претставено новото лого на РРОМА и новиот слоган. На соработниците и поддржувачите на работата на организацијата им беа доделувани благодарници. Партнерите на РРОМА изработија видео со честитки за организацијата и постигнатите резултати.

Транзиција од старо во ново лого

Тимот на РРОМА со дел од младите волонтери и членови