Categories
Конкурси

Повик за онлајн едукативни работилници „Едукативен месец за сеќавање на Ромите и Холокаустот“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, објавува повик за учество на едукативни работилници „Едукативен месец за сеќавање на Ромите и Холокаустот“.

Едукативните реботилници ќе се одвиваат во месец ноември (од 7 до 29.11.2020), на ZOOM платформата.

Теми кои ќе бидат опфатени на работилниците се следните:

  • Прва Работилница –  07.11 со почеток од 11:00 –  13:30 – Ромите пред почеток на Втората Светска со проф. Христо Ќучуков од Берлин.
  • Втора  Работилница –   14.11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Подемот на фашизмот со г-дин Срџан Амет од Скопје.
  • ТретаРаботилница –  20.11 со почеток од 16:00 – 17:30 – Дали го разбираме антициганизмот во нашето општество? со г-дин Мустафа Јакупов од Кратово.
  • Четврта Работилница – 21.11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Кои се креаторите на расните истражувања за време на националниот социјализам? Со г- ѓа Гордана Нешовиќ од Белград.
  • Петта Работилница – 28. 11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Аушвиц и Холокаустот на Ромите со г-ца Урмета Арифовска од Берово и г-ѓа Мерлин Јакупова Николиќ од Кратово.
  • Шеста Работилница – 29.11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Денови на сеќавања на Ромскиот Холокауст со г-ца Урмета Арифовска од Берово и г-ѓа Мерлин Јакупова Николиќ од Кратово.

Едукативната работилница има за цел да го подигне знаењето за историјата и минатото за  Ромите, како и за мрачните случувања за време на Холокаустот. Работилниците не само што ќе го зголемат знаењето  и чувствителноста на учесниците на темата, туку ќе ја подигнат и свеста за случувањата во минатото кои можат да се повторат пак и во иднина.

На повикот може да се пријават:

  • Сите заинтересирани учесници;
  • Работни јазици ќе бидат: македонски, бугарски и српски.

 

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја зоом регистрацијата

По регистрирањето, ќе добиете емаил за потврда, со информации како да се приклучите  на работилницата.

Пријавувањето се врши најдоцна до:

1 работилница – 05 Ноември 2020 до крајот на денот ( 23:59)

2 работилница – 12 Ноември 2020 до крајот на денот (23:59)

3 и 4 работилница – 18  Ноември 2020 до крајот на денот (23:59)

5 и 6 работилница – 24 Ноември 2020 до крајот на денот (23:59)

Ве очекуваме!

Categories
Новости

Dikh, Ker, Na Bister – Да ги научиме и запаметиме сеќавањата за 2 август!

Поминаа 75 години од крајот на Втората светска војна, но сè уште не учиме за холокаустот што ни се случи како Роми во училиште. Поминаа векови и познатите историски факти за прогонот на нашиот народ остануваат на маргините, непознати и игнорирани од страна на владите. Историската одговорност за учењето за минатото е важна и релевантна за нашата заедница. Признавањето, сеќавањето и комеморацијата на холокаустот над нашиот народ треба да бидат присутни во нашите општества, затоа што треба да учиме за иднината со тоа што ќе се сеќаваме на минатото, но ќе дејствуваме во сегашноста за да го спречиме минатото да се повтори во иднината.

Важно е да се научи, но потоа и да се запомни дека на 2 август 1944 година во Аушвиц-Биркенау беа убиени 4.300 Синти и Роми. Дека беа однесени во текот на ноќта од нивните бараки до гасните комори од страна на СС-војниците, кои само неколку месеци порано беа „поразени“ во жестокиот отпор на ромските затвореници кои се бореле со ништо друго освен казми и лопати на 16-ти мај! Треба да разбереме дека Ромите и Синтите ширум светот се собираат за да го одбележат овој ден, се сеќаваме на над 500.000 убиените Роми, нивните одземени животи, желби, аспирации, растурени бракови и изгубени детства, фрлени во кампови, полиња и необележани ровови низ цела Европа за време на Втората светска војна.

Нашите општества се соочуваат со вистински предизвик да одговорат на зголемениот пораст на дискриминација, говор на омраза и антициганизам против Ромите, кој сега се забрзува поради актуелната криза. Покрај економска криза, предизвикана од пандемијата – се соочуваме со политичка и морална криза. Најранливите во нашите општеството се најтешко погодени од кризата, а таа ги турка надвор од општествените маргини, кои заклучени во своите рурални и урбани гета, ги прави лесни мети на популизам и омраза. Овој вид на длабоко вкоренет антициганизам сè уште во голема мера се игнорира од страна на креаторите на политики и нивните влади.

Иако, како Роми со векови сме дел од Европа и европската историја, нашите наративи и придонеси за европските општества остануваат во голема мера игнорирани и на маргините на она што европската историја го претставува или треба да го претставува, имено дека сме обединети низ различностите!

Денес, со подемот на ксенофобијата, расизмот, антициганизамот и екстремно-десничарските движења низ Европа и светот, подигањето на свеста и ширењето на знаење за ромскиот геноцид се јавува како нужна потреба. Ова е нашиот свет, нашето општество, мораме и треба заеднички да го избегнеме моментот да стане заедница на страв и омраза на едни кон други, наместо тоа, треба да се стремиме да бидеме горди и еднакви општества на взаемно почитување!

За таа цел, РРОМА се приклучи на повикот на Европската коалиција за сеќавање на Ромскиот Холокауст и ја повикува владата и интернационалната заедница:

  • Формално да го признае 2 Август како официјален ден за сеќавање на Холокаустот врз Ромите и Синтите;
  • Изгради, почитува и зачува споменици посветени на жртвите Роми и Синти на Холокаустот;
  • Инвестира во музеи, центри за истражување и други институции посветени на Ромскиот Холокауст, Ромската историја и култура;
  • Изучувањето на Ромската историја и култура да станат дел од образовните програми и учебници;
  • Да го признаат антициганизамот како специфична форма на расизам која што ги таргетира ромските заедници и да прилагодат различни превентивни и реактивни алатки во борбата против овој феномен.
Categories
Новости

РРОМА направи селекција на врснички едукатори за PECAO

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во рамките на проектот на ЕРГО мрежата “Peer education to counter antigypsyist hate speech online” поддржан од Google.Org Impact Challenge on Safety во периодот 12 мај 2020 година, објави онлајн повик за врснички едукатори кој траеше до 23 мај.

По разгледувањето на апликациите беа селектирани 9 учесици за онлајн интервју. Од направените интервјуа беа селектирани 5 едукатори.

Во рамките на проектот предвидена е обука за врснички едукатори, во Албена (Бугарија). Но поради настанатата ситуација, дел од учесниците не се во можност да патуваат во земјите од ЕУ, поради тоа обуката ќе се одвива паралелно (лице во лице и онлајн). Обуката ќе трае од 9-14 август 2020 година.

По завршувањето на обуката  врсничките едукатори ќе треба да прават мониторинг на говорот на омраза во сфера на електронски и пишани медиуми, но паралелно со тоа треба да спроведуваат и едукативни работилници за своите врсници на наведената тема.

 

Categories
Новости

РРОМА одржа онлајн семинар – 75 години сеќавање

Во рамките на проектот ” 75 години сеќавање – Младите Роми и не-Роми се борат против заборавање ”  поддржан од програмата Europe for Citizens, РРОМА го одржа првиот онлајн семинар на темата холокауст, едукација и млади. Семинарот се одржа од 24-26 јуни 2020 година, користејќи ја ZOOM платформата.

Учесници на онлајн средбата беа околу 36 претставници од Романија, Македонија, Германија, Србија, Бугарија, Унгарија, Грција, Италија, Албанија.

Покрај техничките објаснувања и генералните презентации на тимот и проектот, учесниците имаа можност да слушнат за историскиот конструкт за Антициганизам и неговото влијание за време на Втората светска војна, презентирана од страна на Мустафа Јакупов – РРОМА ( Северна Македонија), Ромскиот геноцид – “Што ни кажува историјата?” од страна на д-р Милован Писари ( Србија), г-ѓа Оана Балутеску од програмата Europe for Citizen – Романија. Исто така се даде осврт на работа и едукација со млади на темата поврзана со холокаустот како и ситуацијата со Старо Сајмиште во Србија и Законот за заштита на споменици.

 

 

 

Наредниот онлајн семинар ќе се одржи од 28-29 Јули 2020 година, од страна на партнер организацијата Amaro Foro (Берлин).

За повеќе информации следете не на:

Facebook

Categories
Конкурси Новости

Повик за врснички едукатори/ки во рамките на проектот “PECAO”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во рамките на проектот на ЕРГО мрежата “Peer education to counter antigypsyist hate speech onlineподдржан од Google.Org Impact Challenge on Safety објавува:

ПОВИК ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ/КИ

Имајќи ја во предвид ситуацијата на пандемија и наглото зголемување на говорот на омраза кон одредени групи, проектот “PECAO”  има за цел да ја адресира потребата на спротиставување на онлајн антициганизмот и говорот на омраза, поточно:

  • потребата од препознавање на антициганистичкиот говор на омраза: Како „најприфатлива форма на расизам“, суптилна и често непрепознаена, и поради тоа често непријавувана.
  • потребата од пријавување на антициганистичкиот говор на омраза: Има малку познавање и свест за постоечките институционални структури и алатки кои што ги штитат граѓаните од говор на омраза.
  • потребата за подобро мониторирање на говорот на омраза за да се изгради подобро разбирање за проблемот и поддршка во развивањето на легислативи и политики против истиот.
  • потребата од развивање на подобри политики кои што го препознават антициганизмот како пристрасна мотивација и адресирање на институционалниот антициганизам.

Проектот ќе трае 24 месеци и истиот ќе се имплементира во 10 европски земји низ неколку фази. Генералните цели на проектот се:

  1. Најмалку 2000 млади луѓе од Шпанија, Унгарија, Чешка, Романија, Бугарија, Украина, Италија, Франција, Северна Македонија и Албанија преку врсничка едукација да ја подигнат својата свест за негативните влијанија на говорот на омраза кон Ромите и да им се даде можност да го препознаат и известуваат говорот на омраза преку интернет
  2. Да се ​​зајакнат капацитетите на 50 млади Ромски врснички едукатори/ки во 10 земји да го следат говорот на омраза во онлајн медиумите и да пријавуваат случаи на говор на омраза до ИТ компаниите, националните тела за еднаквост и релевантните државни институции за зајакнување на спроведувањето на законите против дискриминација. Нивната работа ќе доведе до креирање на национални бази на податоци од најмалку 150 случаи, како и најмалку 50 пријавени случаи.
  3. Да се ​​застапува пред националните и ЕУ донесувачите на одлуки за анти-дискриминаторски политики што ќе ја земат во предвид онлајн сферата, како и антициганизмот како пристрасна мотивација за говор на омраза и насилство од омраза.
  4. Да се ​​искористат искуствата на врсничките едукатори/ки и резултатите од мониторингот за да се подигне свеста на другите засегнати страни (поширокото граѓанско општество, едукатори, млади луѓе) за антициганистичкиот говор на омраза во онлајн медиумите и итноста за спречување на истиот.

РРОМА ќе селектира 5 врснички едукатори/ки кои што ќе имплементираат активности преку едукација на своите врсници, а истовремено ќе вршат мониторинг на медиумите.

Врсничките едукатори/ки ќе работат заедно со ментор, кои што ќе им помага и ќе ја надгледува нивната работа.

Врсничките едукатори/ки ќе добијат месечна стипендија во бруто износ од 155 евра во денарска против-вредност во период од 12 месеци за извршувањето на своите задачи во рамките на проектот.

Кој може да се пријави?

  • млади Роми/ки од 18 до 30 години кои што имаат интерес и мотивација да се борат против антициганизмот
  • да бидат активни и целосно вклучени во проектот се до неговото завршување
  • да имаат познавање и мало искуство на работа во темите на адресирање на дискриминација, говор на омраза, антициганизам, младинска работа
  • доколку е можно, да бидат вклучени во младински клуб, младинска организација, студентска организација за потребите на вмрежување
  • доколку е можно, да имаат познавање на англискиот јазик за потребите на градење на нивните капацитети на меѓународната обука која што ќе се оддржи во рамките на проектот.
  • спроведуваат работилници и активности со студенти, членови на младински организации, средношколци итн.

Како да се пријавите на повикот?

Доколку, сте заинтересирани и сакате да се вклучите на проектот ќе ве замолиме да ја потполните апликацијата најдоцна до 22 мај 2020 година (петок), до крајот на денот (23:59 часот)!

Апликациите по предвидениот рок нема да земат во предвид!

Кандитатите/ките кои што ќе ја поминат пред-селекцијата ќе бидат поканети на интервју од страна на РРОМА.

За дополнителни прашања, можете да ни пишете на info@rromassn.org или да се обратите преку нашата ФБ страна: https://www.facebook.com/rromassn.org/.

Ве очекуваме!

This project received funding from the Google.Org Impact Challenge on Safety in the framework of ERGO Network’s project Peer education to counter antigypsyist online hate speech.

Categories
Новости

Заврши семинарот за застапување за време на Ромската недела во Брисел

РРОМА заедно со своите партнери го организираше семинарот за застапување, кој што се оддржаа од 16 до 22 март 2019 година во Брисел. Во рамките на семинарот учество зедоа повеќе млади од Македонија со различни профили.

Учесниците има можност да бидат дел од активностите на Ромската недела во Брисел, која што се оддржаа од 18 до 21 март 2019 година во Европскиот парламент, како и дел од доделувањата на наградите за Ромска интеграција 2019 и награда за граѓански права 2019. Младите, исто така беа дел од традиционалниот доручек со европратениците кои што се оддржува во ресторантот на Европскиот парламент.

 

Семинарот им овозможи на младите учесници да добијат информации за функционирањето на различните структури и работните механизми во рамките на ЕУ институциите, да добијат информации за ЕУ политиките кои што ги таргетираат Ромите и да креираат свои стратегии за застапнување и кампањи за подигање на свеста за Антициганизмот на европско ниво.

    

Categories
Конкурси Новости

Повик за учество на семинарот за застапување за млади Роми во Брисел 2019

РРОМА заедно со своите партнери бара учесници од Македонија за семинарот за застапување, кој што се оддржува од 16 до 22 март 2019 година во Брисел.

Учесниците ќе имаат можност да бидат дел од активностите на Ромската недела во Брисел, која што се оддржува од 18 до 21 март 2019 година во Европскиот парламент.

Семинарот им овозможува на младите учесници да развијат разбирање за функционирањето на различните структури и работни механизми во рамките на ЕУ институциите, да добијат информации за ЕУ политиките кои што ги таргетираат Ромите и да креираат свои стратегии за застапнување и кампањи за подигање на свеста за Антициганизмот на европско ниво.

Профил на учесници:

  • млади Роми и не-Роми, младински лидери, активисти, волонтери
  • на возраст од 18 до 30 години
  • да го користат англискиот како работен јазик

Повеќе информации за профилот на учесници и повикот има на линкот.

Датуми на активноста:

  • Пристигнување: 16 март 2019
  • Активности: 17-21 март 2019
  • Заминување: 22 март 2019

Локација:

  • Семинарот се организира во Брисел. Детални информации ќе следат по селекцијата на учесници.

Патување и трошоци:

  • Учесниците ќе треба да си го организираат патувањето до Брисел по добивањето на потврдата за учество. Организаторите ќе рефундираат патни трошоци во износ до 200 евра. Повеќе информации поврзани со патните трошоци има на линкот даден погоре.

Аплицирање:

  • Учесниците аплицираат со потполнување на апликацијата: https://goo.gl/NK7n8G
  • Краен рок за аплицирање е 20 февруари 2019, до крајот на денот!

Семинарот е поддржан од Еразмус плус програмата.

Categories
Новости

Заврши младинскиот семинар за време на Ромската недела во Брисел

Од 6 до 13 април 2018 година во Брисел се оддржа младинскиот семинар за застапување организиран од ternYpe интернационалната Ромска младинска мрежа и Документарниот и Културен центар на германските Синти и Роми, поддржан од Еразмус плус програмата на Европската комисија. На семинарот учество зедоа околу 40 млади Роми и не-Роми од 12-тина европски држави.

Младите учесници работеа во три работни групи на темите: а) Антициганизам, б) Партиципација и в) Застапување. 

Учесниците, исто така учествуваа на настаните во Европскиот парламент за време на Европската Ромска Недела од 8 до 12 април 2018 година. 

На 12 април имаа заеднички појадок со претставници од Европската комисија и Евро-пратеници каде што дискутираа за предизивиците на младите Роми во Европа.

Повеќе за семинарот на линковите:

http://www.euronews.com/2018/04/09/integrating-eu-s-minority-roma-community

http://www.rts.rs/page/radio/sr/story/23/radio-beograd-1/3100316/romano-them.html