Categories
Конкурси Новости

Повик за аплицирање за наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција 2021 година – „Извонредни луѓе кои промовираат еднаквост преку вработување“

Повикот за аплицирање за новата награда на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција за 2021 година е отворен. Наградата на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување наменета за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција ја зголемува видливоста и на предизвиците со кои се соочуваат Ромите на Западен Балкан и на Турција, и на важната работа на некои посветени учесници што ја поддржуваат интеграцијата на Ромите. Наградата нуди признание, публицитет и поддршка за позитивните модели кои покажуваат опипливи резултати во областа на интеграцијата на Ромите.

Наградата на ЕУ за интеграција на Ромите во 2021 година ќе промовира приватни или јавни иницијативи кои постигнаа извонреден придонес кон одржливо вработување на Ромите, како механизам за прекинување на кругот на исклучување.

Наградата ја доделува Европската комисија и е финансирана од IPA-фондовите, а ја имплементира Roma Active Albania (RAA).

Наградата треба да привлече внимание кон конкретните напори и позитивни резултати на различните релевантни странки за зголемување на пристапот до вработување, како и квалитетот на вработувањето на Ромите. Половата еднаквост и еманципацијата на жените Ромки во областа на вработувањето ќе биде важна димензија.

Поконкретно, наградата е наменета да помогне за следните цели:

  1. Дополнително прифаќање на улогата и придонесот на вработувањето Роми како една од клучните области за подобрување на позицијата на ранливата категорија на жените Ромки и Ромите во регионот.
  2. Промовирање на успешните модели на вработување на Роми и позитивните промени во нивните заедници.
  3. Негување на институционалниот дијалог при вработувањето на Ромите.
  4. Истакнување на поддршката и работата на Европската Унија за интеграција на Ромите во државите за проширување.
  5. Негување на соработката помеѓу засегнатите страни во процесот на интеграција на Ромите.
  6. Осигурување на прифаќање и одржливост на влијателните активности имплементирани на најосновното ниво на општествена солидарност.
  7. Идентификување и споделување позитивни примери за работа на поединци, јавни институции, приватни друштва, деловни субјекти и граѓански здруженија на централно и локално ниво во полето на вработувањето.

Апликациите ќе ги разгледува независен одбор за евалуација и ќе ги избере наградените.

Ќе има двајца наградени како корисници на IPA што промовираат вкупно 14 значајни искуства.

Сите наградени ќе добијат меѓународно признание преку церемонијата за доделување на наградата која, доколку дозволат условите, ќе се одржи во Брисел. Сите наградени ќе бидат поканети да присуствуваат на другите настани организирани таму за време на Ромската недела во 2021 година. Покрај тоа, сите наградени ќе земат учество во студиската посета на Мадрид на тема „Пристап до вработување на Ромите“.

Поединци и наградени од граѓанското општество, дополнително може да добијат финансиска поддршка за да продолжат со нивните иницијативи во областа на вработувањето на Ромите. Во овој случај, износот на наградата е ист како што беше применет во наградата за Роми во 2019 година, односно 7 500 евра. Износот е утврден на таков начин да биде доволно голем за да привлече внимание и да се овозможи понатамошна работа во целната област.

Детални информации за повикот можат да се добијат на:

Форма за апликација

Форма за номинација

Јазикот што се користи за апликации и номинации е англискиот јазик. Придружните документи може да бидат на различни јазици, меѓутоа се претпочитаат англиски верзии.

Рокови

Краен рок за доставување на апликациите и номинациите заедно со останатите релевантни документи е 25 мај 2021 година, до 23:59 часот според локално време.

Поднесување

Поднесувањето на апликации (самономинации) ќе се врши преку електронска пошта на адресата: application_eu_award_2021@raa.al.

Насловот на електронската порака мора да ги содржи иницијалите на апликантот и државата на потекло.

Поднесувањето на номинации ќе се врши преку електронска пошта на адресата: nomination_eu_award_2021@raa.al.

Насловот на електронската порака мора да содржи кратенка на називот на номинаторот, иницијалите на апликантот и државата на потекло.

Апликациите и номинациите заедно со придружните документи може да се испратат и по пошта на адресата:

Roma Active Albania – Rr. “YlbereBylykbashi”; P. 25; Shk. 2; Ap. 4; Тирана, Албанија

Во овој случај, ќе бидат разгледани само апликациите/номинациите што сме ги примиле во рамките на рокот. Апликациите што ќе стигнат по пошта подоцна од утврдениот рок нема да бидат предадени на евалуација.

Информативни средби поврзани со учество на повикот за аплицирање ќе следат наскоро во земјите од Западен Балкан и Турција.

Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА ВТОРАТА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ “TERNE THAJ BUKJARNE – YOUNG AND HARDWORKING”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за втората младинска размена „Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”, која што ќе се оддржи  од 13 до 21 јули 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Темите кои што се опфаќаат се: младинското вработување и кариерното советување на младите, како важни фактори  за осамостојување и зајакнување на младите. Кариерното насочување и изборот на образование е важен дел од животот на младиот човек. Токму за таа цел младинската размена им помога на младите Роми и не-Роми полесно да се вклучат во општеството и бидат активни граѓани. Но, исто така да научат како се гради кариера и како да се справат со процесите на барање на работа и вработување.

На оваа младинска размена, учесниците ќе имаат можност да се дружат со млади од Македонија, Германија, Романија, Франција, Турција, Унгарија, Италија и Бугарија. И да дознаат како да направат свое CV, да напишат мотивационо писмо, како да се однесуваат при интервјуирањето за работа итн.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и Не-Роми од 22 до 30 години (можни се исклучоци за оние кои што се над 18 години)
  • младински работници, волонтери, лидери/ки
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 6 јули 2018 година (петок), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Конкурси Новости

Повик за првата младинска размена во рамките на проектот “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за првата младинска размена „Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”, која што ќе се оддржи  од 21 до 30 јуни 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Темите кои што се опфаќаат се: младинското вработување и кариерното советување на младите, како важни фактори  за осамостојување и зајакнување на младите. Кариерното насочување и изборот на образование е важен дел од животот на младиот човек. Токму за таа цел младинската размена им помога на младите Роми и не-Роми полесно да се вклучат во општеството и бидат активни граѓани. Но, исто така да научат како се гради кариера и како да се справат со процесите на барање на работа и вработување.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади од 16 до 22 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 16 јуни 2018 година (сабота), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПРОЕКТОТ “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”

РРОМА објавува повик за учество на проектот “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”, кој што започнува од 17 мај до 24 мај со обука во Берлин, Германија. Проектот е поддржан од Еразмус плус програмата.Целта на овој проект е да се подобри искуството и знаењето на младинските работници, волонтери и останатите лица кои што работат со млади во секторот за вработување и кариерно советување со цел да им се даде можност на младите да искусат и да откријат што значи да имаат одредена кариера.

Во проектот се вклучени 8 младински организации од 8 европски држави (Германија, Македонија, Романија, Унгарија, Турција, Франција, Италија и Бугарија) во 4 активности кои таргетираат 158 млади Роми и не-Роми. Предвидените активности се:

а) Обука на младинските работници, волонтери и лидери/ки за младинските размени, која што се оддржува од 17 до 24 мај во Берлин, Германија

б) Прва младинска размена на тема младинско вработување и кариерно советување во Романија од 21 до 30 јуни 2018 (дополнително повик за учесници за младинската размена ќе биде објавен)

в) Втора младинска размена на тема младинско вработување и кариерно советување во Романија од 13 до 22 јули 2018 (дополнително повик за учесници за младинската размена ќе биде објавен)

г) Евалуационен семинар за младинските работници, волонтери, лидери и учесници на младинските размени во Берлин од 20 до 26 септември 2018 година

На проектот и повикот за учество може да се пријават:

  • Млади од 18 до 30 години (можни се исклучоци) кои се заинтересирани за темата;
  • Младински работници, волонтери, лидери/ки;
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Учесниците кои ќе бидат дел од обуката “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking” во Берлин задолжително земаат учество на младинските размени “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking” како лидери/ки на група.

Трошоците поврзани со проектот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 03 мај 2018 година (четврток), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!