Categories
Uncategorized Новости

ЗАВРШИ СЕМИНАРОТ ,,ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) во периодот од 9ти до 16ти декември учествуваше и беше дел од реализацијата на семинарот Roma Remembrance and Solidarity во Берлин, организиран од страна на Амаро Дром. На 8 дневниот семинар учествуваа повеќе од 30 млади активисти од Германија, Северна Македонија, Унгарија, Србија, Бугарија, Италија и Романија. Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Во текот на 8те денови учесниците имаа можност да научат повеќе за човечките права, за дискриминацијата, за државјанство, што е култура и што значи идентитет за една млада личност. Со детална анализа успејаа да ги откријат елементите на пирамидата на омразата, а потоа и да ги откријат и продискутираат за 10те чекори кои водат до геноцид, како да ги препознаат, и што може да се преземе.

Присутните ја имаа честа да научат повеќе за историјата и геноцидот на Ромите од страна на проф.Христо Ќучуков, кој несебично го сподели неговото знаење со присутните и беше на располагање да одговори на прашањата кои ги имаа.

Во текот на наредните денови учесниците ја имаа можноста да го посетат музејот Topography of Terror, каде што исто така добија многу информации за ромскиот геноцид како и за холокаустот.

Во наредните денови учесницитте на семинарот го посетија споменикот на Ромите и Синтите каде што се одржа мала симболична комеморација, со положување свежо цвеќе, минутен молк а потоа учесниците читаа поезија и проза која што претходно ја имаа подготвено.

Categories
Uncategorized Новости

Заврши младинската размена во Романија ,,romActive – ACTIVE CITIZENSHIP FOR DISADVANTAGED”

Од 1.12.2022 до 10.12.2022 во Бребу, Романија се одржа младинската размена ,,romActive – ACTIVE CITIZENSHIP FOR DISADVANTAGED” во партнерство на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) и Nevo Parudimos од Романија. Младинската размена е поддржана од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Очекуваното влијание за младите учесници се заснова на мотивацијата да го развијат сопствениот идентитет, способности и цели за иднината. Врз основа на веќе развиени грасрут мрежи и активни волонтери, овој проект изминатите денови ги обучи капацитетите на младите Роми и не-Роми како мултипликатори, модели и активни граѓани со цел да го развојат нивниот потенцијал, креативност, иницијатива, самодоверба, преговарачка моќ како и да ги застапуваат сопствените потреби за да постигнат одржливи ефекти во нивната сопствена реалност.

Најголемото влијание што го очекуваме за самите млади е тоа што тие можат да сфатат дека светот не е само проблематичен, туку има опции за нив да ја градат сопствената иднина.

Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА ТРАНСНАЦИОНАЛНА СРЕДБА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ,,EUROPEAN YOUTH COMMUNITY RADIO”

Во периодот од 9ти до 12ти ноември ви Берлин, Германија се одржа транснационална средба во рамки на проектот ,,European Youth Community Radio” На средбата присуствуваа преставници од 6 организации од 6 различни држави: Франција, Италија, Германија, Шпанија, Северна Македонија и Португалија.

Проектот создаде радио на Европската заедница од кое ќе промовира активно учество на младите и вмрежување меѓу организациите и младите од различни потекла и националности, давајќи им глас и правејќи ги активни учесници во нивната сегашност и иднина.
Цели на проектот:

  • Да се ​​создаде европска мрежа на младински организации за да се олесни лансирањето на радио на младинската заедница како едукативна алатка која поттикнува активно учество и им дава глас на младите, особено младите со помалку можности.
  • Да генерира дебата и размислување за да ја анализира ситуацијата на локалната и европската заедница околу целите на европската младина и околу „Без говор на омраза“ и да размислува за иднината и влијанието на здравствената криза „Ковид19“, обидувајќи се да се залага за поинклузивен, кохезивен и одржлив модел на живот во европското општество.
Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА ОБУКА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ,,ROMA YOUTH BRING CHANGE”

Во периодот од 8ми до 12ти ноември во Будимпешта, Унгарија се одржа обука на селектираните учесници во рамки на проектот Roma Youth Bring Change во соработка на РРОМА од Северна Македонија, Аутономија и Детективити од Унгарија и ЕРГО мрежата од Белгија. Проектот е поддржан од Ерасмус+ програмата на Европската Унија.

Целта на обуката беше учесниците да научат да фасилитираат детективска игра и да креираат граѓанска кампања во своите локални заедници. Преку интерактивни работилници им се даде можност да пробаат да направат кампања и детективска игра, како главни алатки преку кои ќе се истакнат актуелните општествени проблеми како што се дискриминација, насилство, расизам итн…

Главната цел на проектот преку спојување на двете алатки, детективност и граѓанска кампања, да се примами интересот на младите луѓе да станат проактивни граѓани кои што ќе станат свесни за својата сила и значајна улога во спречувањето на расизмот, дискриминација и насилство.

Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА ПОДГОТВИТЕЛНА СРЕДБА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ,,ROMA YOUTH BRING CHANGE”

На 5ти ноември во Кратово се одржа подготвителната средба во рамки на проектот Roma Youth Bring Change во соработка на РРОМА од Северна Македонија, Аутономија и Детективити од Унгарија и ЕРГО мрежата од Белгија. Проектот е поддржан од Ерасмус+ програмата на Европската Унија.

На средбата учесниците имаа можност да учествуваат во детективска игра приредена од РРОМА, како и да го надоградат општото знаење на темата детективски игри и граѓанска кампања. Тие научија што се енерџајзери и како да направат енерџајзер. Со многу вложен труд, учесниците успејаа да креират игра за учесниците во Унгарија, со цел самите да се стават на место на фасилитатори и да видат како се води активноста.

Categories
Uncategorized Новости

ЗАВРШИ МЛАДИНСКАТА РАЗМЕНА ,,TOGETHER WITH MIGRANTS”

Заврши младинската размена ,,TOGETHER WITH MIGRANTS” која траеше од 31.10.2022 до 08.11.2022 во Бребу, Романија во соработка на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Северна Македонија и Nevo Parudimos од Романија.

Оваа младинска размена имаше за цел да ја подигне свеста на 45 учесници за миграциската криза и феноменот на говор на омраза, кој ја погодува Европа во последните години како и да ги поттикне учесниците да се преземат конкретни активности против говорот на омраза и клеветата на мигрантите, бегалците и барателите на азил.

Во овој проект учествуваа млади луѓе со лични приказни, од различни области и социјални средини. За време на фазите за избор на учесници, се погриживме да има баланс во однос на женскиот и машкиот пол со цел никој да не е дискриминиран врз основа на сексуална ориентација, религија, социјално и/или културно потекло, економски можности итн.

На крајот на проектот секој од учесниците стекна поконкретен увид и подобра реалистична слика од проблемите и процесот кој што мора да биде имплементиран за да се добие статусот на мигрант и барател на азил во Европа. Учесниците научија за тешкиот пат по кој чекорат мигрантите, за различните рути со цел да стигнат до Европа, а потоа и со проблемите кои се соочуваат, дискриминацијата и тегобите со интеграцијата во новите општества особено откако им се одобри статусот на мигранти и добијат документација.

Проектот е поддржан од Ерасмус+ програмата на Европската Унија.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,,ROMActive – ACTIVE CITIZENSHIP FOR DISADVANTAGED” ВО РОМАНИЈА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,ROMActive – active citizenship for disadvantaged” која што ќе се одржи  од 01.12.2022 до 10.12.2022 декември 2022 година ( вклучени се деновите за патување) во Бребу, Романија.

Младинската размена има за цел:

  1. да се поттикне дијалог помеѓу 40 учесници (+5 лидери) од 5 европски земји и политичари, за време на младинската размена, за подобро разбирање на процесот на гласање и активно учество;
  1. Развој на граѓански дух кај 40-те млади од ромска етничка припадност (+5 лидери), во деновите на младинската размена
  2. Зголемување на знаењето на 40-те млади Роми и нероми (+5 лидери) за важноста на гласањето, за време на размената.
  3. да се обезбеди простор з разбирање на државните институции и како тие се меѓусебно поврзани, за 40-те млади Роми и не-Роми учесници (+5 лидери) за време на младинската размена;

Очекуваното влијание за младите учесници се заснова на мотивацијата да го развијат сопствениот идентитет, способности и цели за иднината. Врз основа на веќе развиени грасрут мрежи и активни волонтери, овој проект има за цел да ги поттикне, обучи капацитетите на младите Роми и не-Роми како мултипликатори, модели и активни граѓани со цел да го развојат нивниот потенцијал, креативност, иницијатива, самодоверба, преговарачка моќ како и да ги застапуваат сопствените потреби за да постигнат одржливи ефекти во нивната сопствена реалност.

Најголемото влијание што го очекуваме за самите млади Роми е тоа што тие можат да сфатат дека светот не е само проблематичен, туку има опции за нив да ја градат сопствената иднина.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 декември 2022 година, најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации.

Categories
Uncategorized Новости

Одржан национален панел настан во рамките на проектот “LOOSE ENDS”

Во рамките на проектот “Loose Ends” во кој РРОМА е партнер на 08.10.2022 година на онлајн зоом платформата се одржа национална панел настан на кој поканивме на дискусија експерти на оваа тема, модерирана од г-ца Урмета Арифовска.

За време на средбата г-дин Мухамед Ајваз – Истражувач, службеник за застапување од Ромалитико, ни го презентираше претходно направената анализа и истражување  на состојбата на учениците Роми вклучени во специјалните училишта (ресурсни центри) во Република Северна Македонија.

Г- дин Ерол Адемов – Референт за прашања на Ромите и малцинствата – експерт за човекови права и консултант, дискутираше на тема каква е социјалната политика насочена на лицата со попреченост – (каква социјална заштита им се пружа на лицата со попреченост а г-дин Ален Умер – наставник по предметот „Јазик и култура на Ромите“ и г-ца Емилија Пановска – Младински работник, дискутираа на тема поврзана во областа на образованието т. е колку младите Роми и не -Роми во Р. С Македонија се сензитивни и обучени да работат со лица со попреченост.

Проектот Loose Ends има за цел да ги анализира животите на младите Роми и обесправените млади кои посетувале специјални училишта поради нивниот различен развој, под влијание на лошите услови за живеење. Проектот е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија, а го спроведува Здружението Co-Efficient – Унгарија, заедно со Здружението Нево Парадимос и Здружението РОМА од Македонија.

Categories
Uncategorized Новости

ЗАВРШИ ТРЕНИНГ КУРСОТ ,,LET’S BE DIGITAL A2” ВО РОМАНИЈА

Во периодот од 29 септември до 05 октомври 2022 година во Бребу, Романија се одржа тренинг курсот “Let`s Be Digital”.

Преку низа активности и работилници младинските работници научија како да се приспособат на користењето на новите алатки за онлајн комуникација без да престават негативен наратив кој што често претставува ризик за обесхрабрување на младите, како и да ги прилагодат социјалните онлајн алатките кон нивното однесување и да ги користистат едукативно а не само како извор на комуникација.

30 млади учесници од Сееверна Македонија, Бугарија, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Шпанија, Романија и Турција ја имаа можноста да научат како да планираат, да ги користат онлајн алатките за да да учат и за нивниот иден развој, да добијат и дадат поддршка и да разменат искуства и добри практики во областа на волонтерскиот ангажман преку користење онлајн алатки како и да се здобијат со техники за комуникација.

Младинската размена е поддржана од Еразмус+ програмата.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА ТРЕНИНГ КУРС ,,VOLUNTEERING IN DIGITAL ERA A1” ВО РОМАНИЈА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за тренинг курсот ,,VOLUNTEERING IN DIGITAL ERA” кој што ќе се одржи  од 17 до 24 октомври 2022 година (вклучувајќи ги и датумите за патување) во Бребу, Романија.

Поради мерките за коронавирусот, младинските работници и младите волонтери беа принудени да работат од дома, исто така, тие сфатија дека треба професионално да научат како да го надминат онлајн дружењето и да користат нови онлајн алатки, како за учење така и за работа. Така, заедно го развивме овој проект кој има за цел да го зголеми капацитетот на партнерските организации на полето на волонтерскиот ангажман со фокус на усогласување на дигиталните компетенции на младинските работници со новите онлајн трендови што ги користат младите волонтери и да ги опреми младинските работници со нови вештини и компетенции.

За да ја постигнеме целта, развивме 3 специфични цели:

  1. Развивање на креативна и иновативна онлајн комуникација и компетенции за соработка, карактеристични за волонтерскиот ангажман, меѓу 32 младински работници од 8 земји, за 12 месеци.
  2. Подобрување на ефективното користење на иновативни социјални медиуми и креативни онлајн алатки за комуникација и соработка со млади волонтери, преку најмалку 1 активност за учење за секоја партнерска организација, за период од 4 месеци.
  3. Поддршка на размена на искуства и добри практики на полето на волонтерскиот ангажман со користење на онлајн комуникација и алатки за соработка, за 32 младински работници и 8 партнерски организации, за период од 12 месеци.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери, средношколци, координатори, фасилитатори, тренери за младински активности, општествени работници итн…
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 14 октомври  2022 година, најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации.