Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКАТА РАЗМЕНА ,,F.A.E – FOOD, AIR & EXERCISE – THE TRIANGLE OF HEALTH” – ИТАЛИЈА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “F.A.E – Food, air & exercise – The triangle of Health”, која што ќе се оддржи  од 04 до 11 јули 2022 година (04 и 11 јули денови за патување) во Sasso di Castalda – Потенза, Италија.

Целта на младинската размена е да се изнајде психофизичка рамнотежа и да се промовира здравиот начин на живот кој во голема мера беше променет за време на пандемијата со Ковид-19. Преку оваа младинска размена ќе се истакне важноста на здравјето, благосостојбата и различните начини на кои може да се води здрав живот.

42 млади учесници од Македонија, Италија, Германија, Турција, Романија и Грција ќе ја имаат можноста:

  • Да учествуваат во колаборативни работилници
  • Да учествуваат во спортски активности (јога, планинарење итн..)
  • Да го збогатат знаењето како да одржат социјални активности во руралните средини.
  • Да го зголемат знаењето за здравиот начин на живот.
  • Да обрнат внимание на својот начин на живот.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 26 години (можни се исклучоци)
  • Средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Задолжителни документи за патување на учесниците:

  • Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
  • Патничко осигурување
  • Дигитален ковид сертификат добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА ( вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ)
  • Потврда за оздравување (за оние кои прележале ковид-19 во претходните 180 дена)

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 јуни 2022 година (среда), најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации.

Categories
Новости

Нови вештини и знаења за младите од Македонија

Проектот „Јас сум активен граѓанин и волонтер во моето село“ им помогна на младите учесници од Македонија да се здобијат со нови вештини и информации од областа на неформалното образование, вклучувајќи знаења за водење на оксфорд дебата, форум театар, сесии за интеркултурализам, активно граѓанство и волонтерство итн.

На проектот учествуваа 40 учесници од Македонија, Италија, Унгарија и Романија на возраст од 16 до 24 години. Младинската размена беше организирана во младинскиот камп „Марабу“ во Милковени од 24.07 до 03.08.2018 година од страна на партнерот Timis Torontal Intercommunity Development Association.

Здобиените вештини учесниците ќе ги користат за креирање на нови проекти и вклучување во нови активности во рамките на организацијата РРОМА и Еразмус плус програмата.

Categories
Новости

Заврши првата младинска размена во рамките на проектот “Khetane! Заедно! Zusammen!”

Од 26.10 до 01.11.2018 година во Хотел Кратис се оддржа првата младинска размена во рамките на проектот “Khetane! Заедно! Zusammen!” поддржан од фондацијата EVZ.

Овој младински проект има за цел да ги зближи младите Роми и не-Роми кои што живеат во Македонија и Германија преку употребата на неформални алатки за учење на историјата на Ромите за време на Втората светска војна и нивното страдање.

Младите учесници од Македонија и Германија имаа можност да научат повеќе за овој мрачен дел од историјата на Ромите и да дознаат информации за механизмите и условите кои што доведоа до геноцидот на Ромите. Исто така, тие имаа можност да креираат свои продукти и визии како тие гледат на историјата и иднината работејќи во помали работни групи на стрипови, театар и социјални медиуми. Резултатите ќе бидат презентирани кон крајот на проектот кои што ќе бидат достапни на пошироката јавност.

 

Кон крајот на размената, учесниците имаа слободно попладне разгледувајќи го Кратово. Локалниот водич Стевче Доневски им ја долови богатата историја на градот и многуте легенди поврзани со истиот. На крај, учесниците ја посетија етно-куќата Шанчева каде што дегустираа локална храна подготвена од домаќините Доневски.

Втората размена во рамките на проектот ќе се оддржи во Април 2019 година во Берлин, каде што младите учесници ќе имаат можност и да го посетат споменикот подигнат во чест на убиените Роми и Синти за време на Втората светска војна.

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинскиот проект “Khetane! Заедно! Zusammen!”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на младинскиот проект “Khetane! Заедно! Zusammen!” поддржан од Фондацијата EVZ.

Овој младински проект има за цел да ги зближи младите Роми и не-Роми кои што живеат во Македонија и Германија преку употребата на неформални алатки за учење на историјата на Ромите за време на Втората светска војна и нивното страдање. Младите учесници ќе имаат можност да научат повеќе за овој мрачен дел од историјата на Ромите и да ги разбираат механизмите и условите кои што доведоа до геноцидот на Ромите. Исто така, ќе имаат можност да креираат свои продукти и визии кон крајот на проектот кои што ќе бидат достапни на пошироката јавност.

Проектот се состои од две младински размени практична работа помеѓу размените. Младите учесници ќе добијат можност и да го посетат споменикот во Берлин, подигнат во чест на убиените Роми и Синти за време на Втората светска војна.

Првата младинска размена ќе се оддржи во Македонија од 26.10 до 01.11.2018.

Втората младинска размена ќе се оддржи во Германија во средина на март 2019 година.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 25 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со проектот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 октомври 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Новости

Младинската размена “Come to know us” е во полн ек …

Асоцијацијата Нево Парудимос од Решица, Романија заедно со 4 партнери од Грција, Италија, Македонија и Литванија, го имплементираат проектот финансиран од програмата Еразмус +.

Дополнителните информации за организациите се дадени подолу:

Nevo Parudimos – Романија (www.nevoparudimos.ro)
Youthphoria – Грција (https://sites.google.com/view/youthphoriagreece)
RROMA – Македонија (http://www.rromassn.org)
IFOA – Италија (www.ifoa.it)
Romu Integracijos namai – Литванија (http://www.romunamai.lt)

Проектот “Come to know us” се реализира помеѓу 1-12 јули 2018 година и собира 50 млади од 5 европски земји. Младите учесници во овој проект се на возраст помеѓу 16 и 25 години и  заедно ќе поминат 12 дена во Романија. Првиот дел од оваа младинска размена ќе се реализира во младинскиот камп Марабу во Милковени, Берлиште и последните 6 дена учесниците ќе престојуваат во Решица.

    

“Come to know us” е младинска размена во која што учествуваат 50 млади Роми и не-Роми од 5 европски земји кои кон крајот на размената ќе создадат разни активности во градот Решица, со цел да ги вклучуваат младите луѓе од заедницата и на локалното население им ја прикаже вистинската слика за луѓето кои што живеат во Моцијар.

Целта на размената, учесниците заеднички со локалните млади да се борат против предрасудите и стереотипите кои што локалното население на Решица ги има кон граѓаните на гетото Моцијар користејќи визуелни уметности.

Целите на овој проект се:

  • Креирање на безбеден простор за изразување на 50 млади учесници, каде што ќе можат да се изразат и да ги споделат сопствените искуства преку различни видови на уметност;
  • Подобрување на вештините на 50 млади учесници за адресирање на предрасуди и стереотипи кои што ќе им помогнат во борбата против дискриминацијата;
  • Зголемување на знаењето на 50 млади учесници за културата на Ромите од различните европски држави;
  • Учеснините да им ја покажат реалноста на локалното население од Решица за Моцијар;
  • Да се зголеми знаењето на 50 млади учесници за користење на визуелните уметности во борбата против предрасудите и стереотипите.
Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена COLOURS

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Colours”, која што ќе се оддржи од 30 август до 8 септември 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Целта на младинската размена е да ги скрши стереотипите и предрасудите пред се спрема LGBTQI+ заедниците во Европа, промовирајќи култура на меѓусебно прифаќање и инклузија на различностите.

32 млади од 8 европски држави (Македонија, Романија, Унгарија, Полска, Грција, Шпанија, Белгија и Франција) ќе имаат можност да се дружат и учат за тоа што претставува сексуален идентитет, пол, припадност, како и што значи тоа хомофобија, трансфобија и како можат да се адресираат истите преку рамката за човекови права. Сите активности во рамките на проектот вклучуваат алатки од областа на неформалното образование.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 30 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20 август 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “ROSA – Roma Storytelling Adventure”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “ROSA – Roma Storytelling Adventure” која што ќе се оддржи од 25 јули до 5 август 2018 во Солун, Грција. Учесниците ќе престојуваат во Хотелот http://www.philippion.gr/.

Целта на младинската размена е учесниците да се запознаат со концептите на идентитет, човекови права, правата на малцинствата, а во исто време да ја запознаат Ромската заедница и култура и да ги кршат постоечките стереотипи.

Учесниците ќе имаат единствена можност да учествуваат во работилници за дигитално раскажување на приказна – театар, пишување на сценарио – режија, видео продукција и едитирање се со цел да се промовираат човековите права и правата на малцинствата.

Исто така, на крајот од младинската размена ќе ги прикажуваат своите кратки филмови на локалната заедница во Солун.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На проектот учествуваат 42 млади од 6 европски држави (Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија и Шпанија), кои што ќе престојуваат и работат во Солун од 25 јули до 6 август 2018 година (6 август е ден за заминување на учесниците).

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и Не-Роми од 18 до 25 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери, лидери/ки
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 9 јули 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА ВТОРАТА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ “TERNE THAJ BUKJARNE – YOUNG AND HARDWORKING”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за втората младинска размена „Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”, која што ќе се оддржи  од 13 до 21 јули 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Темите кои што се опфаќаат се: младинското вработување и кариерното советување на младите, како важни фактори  за осамостојување и зајакнување на младите. Кариерното насочување и изборот на образование е важен дел од животот на младиот човек. Токму за таа цел младинската размена им помога на младите Роми и не-Роми полесно да се вклучат во општеството и бидат активни граѓани. Но, исто така да научат како се гради кариера и како да се справат со процесите на барање на работа и вработување.

На оваа младинска размена, учесниците ќе имаат можност да се дружат со млади од Македонија, Германија, Романија, Франција, Турција, Унгарија, Италија и Бугарија. И да дознаат како да направат свое CV, да напишат мотивационо писмо, како да се однесуваат при интервјуирањето за работа итн.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и Не-Роми од 22 до 30 години (можни се исклучоци за оние кои што се над 18 години)
  • младински работници, волонтери, лидери/ки
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 6 јули 2018 година (петок), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Новости

Заврши младинската размена “RoMANY – Remembrance, Action, Youth!”

Од 9 до 15 јуни 2018 година во хотел Кратис, Кратово се оддржа младинската размена „ROMANY – Remembrance, Action, Youth!“. На размената учествуваа 21 млади од Македонија, Литванија, Романија и Германија кои што на креативен начин дознаа за културата на Ромите и случувањата за време на Втората светска војна.

Младинската размена беше поддржана од Еразмус плус програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Преку употребата на методи од сферата на неформалното образование, учесниците има можност да дознаат информации за Ромскиот геноцид, културата и идентитетот на Ромите. Исто така, учесниците го посетија музејот на Еврејскиот холокауст во Скопје.

Како резултат на добиените информации, учесниците креираа свои продукти во вид на поезија (https://goo.gl/5mXeFG), импро-театар и презентации.

                                         

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Active citizen & volunteer”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Active citizen & volunteer”, која што ќе се оддржи  од 24 јули до 3 август 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Целта на младинската размена е на учесниците да им овозможи да го разберат концептот на активен граѓанин и да учествуваат активно во процесите на носење одлуки кои ги засегаат на локално ниво.

Учесниците од Македонија, Романија, Унгарија и Италија ќе учат заеднички во интеркултурна средина за концептите на активно граѓанство и волонтерство и ќе имаат можност низ активности од сферата на неформалното образование да научат за оксфорд дебата, форум театар, играње улоги, и да ги подобрат своите презентациски вештини.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 24 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 16 јули 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!