Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик тренинг курс “LIVING TOGETHER, BREAKING HATE” кој што ќе се оддржи од 1ви до 7ми јули 2022 година (1ви и 7ми јули денови за патување) во Леон, Шпанија.
Целта на едукативната обука е да се создадат заеднички стратегии за промовирање на социјалната кохезија, човечки и социјални права и спречување на ексклузија, расизам, ксенофобија и омраза. Во моментов, во Европа се појавуваат не-европски и екстремни движења кои понекогаш влијаат на социјалната кохезија и човековите права.
Како методологија ќе се применува „Пирамидата на омразата“ за да се идентификуваат главните ризици во општеството и да се промовираат стратегии за создавање на општество со отворен ум поврзано со човековите права и пронаоѓање решенија за проблемите поврзани со ксенофобијата и расизмот.
22 учесника од Северна Македонија, Франција, Италија, Турција, Португалија, Бугарија, Грција и Шпанија ќе ја имаат можноста:
- Да го разберат процесот на радикализација преку Пирамидата на омраза.
- Да учат преку историските случаи на ескалација на омраза за опасноста од
нормализација на расизмот и дискриминацијата - Да локализираат и учат од современите случаи на популизам, национализам,
радикализација и насилство за начините на кои што различни општествени групи, политички
движења и медиуми го поларизираат општеството во учеството на европските земји. - Да локализираат и учат од современите и историски случаи на позитивни наративи
и инклузивни мерки - Да постават контрадикторна пирамида од Пирамидата на омраза.
Едукативната обука е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 18 до 27 години (можни се исклучоци)
- средношколци, младински работници, волонтери
- Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
организации - Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 5 јуни 2022 година (среда), најдоцна до 18:00 часот!