Categories
Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА “Street art in Hungary “

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “” Street art in Hungary”, која ќе се одржи од 25 Октомври до 3 Ноември 2021 година, во близина на Будимпешта, Унгарија.

На младинската размена ќе учествуваат 38 лица од 4 земји (Романија, Северна Македонија, Унгарија, Полска) и ќе трае 11 дена. Младинската размена ќе ги опфати темите за социјален активизам, вклучување на урбаните млади во активно учество, активно граѓанство, улична уметност како средства за трансформирање на социјалните прашања.

Младите ќе ја имаат можноста на ѕидови од после училишни згради како и ѕидови озвозможени за прскајне со спреј од локалната власт, да ја покажат својата уметност. Уметничките дела ќе бидат создадени и испланирани од младите, преку процес на кој му претходи серија работилници насочени кон саморазвој, самоспознавање, активно граѓанство, активизам и технички подготовки. Уметничките дела ќе бидат центрирани околу проблемите на локалното општество како што гледаат младите.

Младинската размена има за цел да придонесе за способноста на учесниците поефикасно да ја препознаат и да се борат против дискриминацијата и да ги изразат своите мисли и идеи на креативен начин, наместо да бидат пасивни или агресивни. Проектот има намера да истакне елементи на активен граѓанин во локален контекст, особено фокусирајќи се на обесправените и маргинализираните заедници.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 25 години (лидерот може да биде над 25 години)
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • Вакцинирани

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  10 Октомври 2021 година (недела), најдоцна до 18:00 часот!

 

Categories
Конкурси

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА “Educating active citizenship through Simulation Games”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Educating active citizenship through Simulation Games” која ќе се одржи од 18 – 27 октомври  во Берлин, Германија.

 

Целите на проектот се:

  1.  На Млади активисти од 7 земји ( Северна Македонија, Романија, Италија, Германија, Бугарија, Србија и Унгарија) да се  обезбеди алатки за вклучување на младите во активно учество во локалните заедници;
  2.  Да се ​​зголеми знаењето на младински работници и младински лидери за да се поттикне потенцијалот на младите луѓе во активно учество на локално ниво и да влијаат на локалната реалност;
  3. Воведување и практикување на метод за играње улоги и игри со симулација (структура, спецификации, како и кога го користиме, како го прилагодуваме овој метод за одредени потреби, како ги креираме игрите);
  4. Да се ​​научат младински работници и младински лидери како да го користат овој метод за да ги научат младите да бидат поактивни граѓани на локално ниво;
  5.  Да им се понуди можност на младинските работници и младинските лидери да создадат нови игри за играње улоги и симулациони активности базирани на сопствената реалност, кои во иднина ќе се користат од невладините партнери за да ги научат младите да бидат активни граѓани и да влијаат врз процесите на донесување одлуки на локално ниво.
    Она што ние сакаме да го адресираме во рамките на овој проект за нас и за нашите партнери е потребата од нови методи во кои ќе биде поинтересно за младите луѓе да учествуваат, особено кога станува збор за млади од малцински групи, маргинализирани заедници или од лишена урбана област.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години (лидерот може да биде над 25 години)
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • Вакцинирани

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  10 Октомври 2021 година (недела), најдоцна до 18:00 часот!

Categories
Новости

Loose ends – мапирање на корените на маргинализација кај младите

Проектот „Loose Ends“ е меѓународна соработка на три граѓански организации (Együttható Egyesület, Nevo Parudimos и РРОМА)  кои што се активни во полето на образование, социјална работа и/или застапување на младите. Стратешкото партнерство е финансирано од програмата Еразмус+ на Европската унија.

Како што беше потврдено од неколку студии и извештаи, ромските деца се презастапени во пониските општествени слоеви, се поранливи во однос на предвременото напуштање на училиштето и честопати децата од ромските семејства се наоѓаат во сегрегирани образовни институции. Нашиот проект е продолжение на истражувањето спроведено од Együttható Egyesület и Nevo Parudimos во рамките на проектот LEADNFL за мапирање на моделите на ESL во сегрегирани заедници. И покрај тоа што во повеќето случаи дијагнозата што го оправдува специјалното образование е валидна, не се земаат предвид социо-економските причини кои стојат зад детето со слаб перформанс. Недостаток на внимание или интелектуална попреченост може да бидат резултат на недостаток на пристап до здравствена заштита и ран детски развој, додека недостатокот на социјален капитал и финансиски средства може да резултира со тоа што семејствата немаат пристап до постојните структури за поддршка во подоцнежните фази на развојот (т.е. специфичен развој , младински услуги, услуги на пазарот на трудот, итн.). Недостатокот на пристап резултира со кругот на сиромаштија и маргинализација на уште поголемо ниво, бидејќи поединецот е стигматизиран и поради етничка припадност и поради попреченост.

Целта на нашето истражување во рамките на проектот е да се соберат и анализираат податоци од една специфична тема од областа на образованието на Ромските деца во специјалните училишта, како и зошто Ромските деца и нивните семејства завршуваат сегрегирани во ваквите институции. Ние би сакале да го разбереме процесот на специјалното образование, како се одлучува и оценува Ромските деца да се запишат во специјалните училишта, каква е позадината, какви се реакциите на Ромските семејства кон ова итн.

Проектот ќе трае 24 месеци и ги има следните цели:

  • Утврдување на причините, поврзаните животни патеки и последиците од образованието во такви институции преку условување, анализирање и објавување на 25 темелни интервјуа по земја во која се вклучени засегнатите страни
  • Формулирање препораки за реформа на политиката од експертски панел, врз основа на нашите наоди упатени до националните и европските носители на одлуки, истакнувајќи ја важноста на секундарните структури за поддршка во форма на младински организации и нивните алатки
  • Подигање на свеста за прашањето кај претставници, професионалци и носители на одлуки од секторите на формално образование, младински сервиси, структури за заштита на децата, владина администрација

Конкретни активности на проектот:

  • 4 транснационални средби
  • Анализа на 25 темелни интервјуа од 3 земји, на националните јазици на земјите, резиме на англиски јазик (не директен превод, туку пократка верзија на сите 3 студии)
  • Препораки за политики од експертскиот панел, 1/ земја + 1 на европско ниво
  • 4 Конференции во Унгарија, Северна Македонија и Романија-вклучени повеќе од 250 релевантни засегнати страни
  • Состанок за лобирање во Брисел како завршен настан во кој бидат вклучени претставници на ЕУ
  • Широки активности за дисеминација

Повеќе детали за имплементација на проектот можат да се најдат на официјалната веб-страна: http://egyutthato.eu/loose/#

Categories
Новости

Реализирани едукативните работилници на тема „ЕДУКАТИВЕН МЕСЕЦ ЗА СЕЌАВАЊЕ НА РОМИТЕ И ХОЛОКАУСТОТ“.

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација успешно ги реализира едукативните работилници кои се одржаа во периодот на месец Ноември (7-29.11.2021) на онлајн ЗООМ платформата.

Првата Работилница ја одржа проф. Христо Ќучуков од Берлин. Кој ги запозна уцесниците со историјата на  Ромите пред почеток на Втората Светска Војна.

       

Важни информации за  подемот на фашизмот учесниците се здобија благодарение на г-дин Срџан Амет од Скопје, на втората едукативна работилница.

На третата работилници учесниците имаа можност да разменат свои знаења и подетално да го разберат значењето на атициганизам со г-дин Мустафа Јакупов од Кратово.

На четвртата работилници  г- ѓа Гордана Нешовиќ од Белград, детално сподели информации за креаторите на расните истражувања за време на националниот социјализам?

     

Петата и шестата работилници учесниците имаа можност да слусшнат подетално за Аушвиц и холокаустот како и за важните датуми (16 Мај и 2 Август) за сеќавање на Ромскиот геноцид.

        

Работилниците беа организирани во рамките на проектот “75 Years of Memory – young Roma and non-Roma acting against Forgetting” поддржан од Europe for Citizens програмата на Европската Унија.

Categories
Конкурси

Повик за онлајн едукативни работилници „Едукативен месец за сеќавање на Ромите и Холокаустот“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, објавува повик за учество на едукативни работилници „Едукативен месец за сеќавање на Ромите и Холокаустот“.

Едукативните реботилници ќе се одвиваат во месец ноември (од 7 до 29.11.2020), на ZOOM платформата.

Теми кои ќе бидат опфатени на работилниците се следните:

  • Прва Работилница –  07.11 со почеток од 11:00 –  13:30 – Ромите пред почеток на Втората Светска со проф. Христо Ќучуков од Берлин.
  • Втора  Работилница –   14.11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Подемот на фашизмот со г-дин Срџан Амет од Скопје.
  • ТретаРаботилница –  20.11 со почеток од 16:00 – 17:30 – Дали го разбираме антициганизмот во нашето општество? со г-дин Мустафа Јакупов од Кратово.
  • Четврта Работилница – 21.11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Кои се креаторите на расните истражувања за време на националниот социјализам? Со г- ѓа Гордана Нешовиќ од Белград.
  • Петта Работилница – 28. 11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Аушвиц и Холокаустот на Ромите со г-ца Урмета Арифовска од Берово и г-ѓа Мерлин Јакупова Николиќ од Кратово.
  • Шеста Работилница – 29.11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Денови на сеќавања на Ромскиот Холокауст со г-ца Урмета Арифовска од Берово и г-ѓа Мерлин Јакупова Николиќ од Кратово.

Едукативната работилница има за цел да го подигне знаењето за историјата и минатото за  Ромите, како и за мрачните случувања за време на Холокаустот. Работилниците не само што ќе го зголемат знаењето  и чувствителноста на учесниците на темата, туку ќе ја подигнат и свеста за случувањата во минатото кои можат да се повторат пак и во иднина.

На повикот може да се пријават:

  • Сите заинтересирани учесници;
  • Работни јазици ќе бидат: македонски, бугарски и српски.

 

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја зоом регистрацијата

По регистрирањето, ќе добиете емаил за потврда, со информации како да се приклучите  на работилницата.

Пријавувањето се врши најдоцна до:

1 работилница – 05 Ноември 2020 до крајот на денот ( 23:59)

2 работилница – 12 Ноември 2020 до крајот на денот (23:59)

3 и 4 работилница – 18  Ноември 2020 до крајот на денот (23:59)

5 и 6 работилница – 24 Ноември 2020 до крајот на денот (23:59)

Ве очекуваме!

Categories
Uncategorized

Период на транзиција во РРОМА

Период на транзиција во РРОМА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација е независна младинска организација, активна во Република Македонија. Започнувајќи со работа како мрежа на 15 декември 2007 година, РРОМА се концентрира на младинско зајакнување и мобилизација преку креативност, обуки и кампањи. Нашата визија за нашите млади е тие да станат промотори на позитивни вредности и активни актери во социјалните случувања. Нашата мисија се фокусира на афирмација и промоција на можностите за личен развој и интеграција, како и промовирањето на активното граѓанство и само-вклучувањето во креирањето на политиките кои што ги засегаат младите.

 

   

Во минатото, организацијата стана првата ромска младинска организација назначена од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност за контакт-точка за промовирање на програмата Млади во Акција помеѓу младите Роми во Македонија. Исто така, организацијата ја доби наградата MTV Staying Alive Award во 2010 за својата креативна кампања за подигање на свеста од опасностите од ХИВ/СИДА помеѓу младите, станувајќи првата македонска организација во светот која ја доби наградата. Во март 2017 година, РРОМА го добива второто место во рамките на второто издание на EU Roma Integration Award for Western Balkans and Turkey организиран од Европската комисија. За подоцна во истата година биде номинирана со 2 проекти како добри пракси во рамките на Еразмус плус програмата.

 

РРОМА како ромска младинска организација е мотивирана да работи со младите Роми преку не-формално образование, со цел да им овозможи повеќе можности за вклучување, надоградување и јакнење на нивните капацитети. Младите да ја промовираат својата култура и идентитет, мултикултурата и активното граѓанство како лидери на своите заедници. Веруваме во младите, веруваме во нивните капацитети за откривање на вистинските потреби и проблеми, веруваме дека тие можат да донесат вистинска промена во своите заедници! Веруваме во младите … сега, денес, утре, секогаш!

Имајќи ја во предвид мисијата и визијата на организацијата, во период што следи ќе се направи промена, односно транзиција на структурата во РРОМА. Досегашниот директор, до крајот на оваа година (2020)  ќе ја извршува својата функција, се со цел да помогне во транзицијата, потпомогнат од бордот и канцеларијата.  Почетокот на наредната година (јануари 2021) РРОМА ќе има нов директор/ка и структура. Овој период тимот на РРОМА своите обврски и активност ги извршуваше онлајн. Поради ситуацијата со Ковид-19, многу од предвидените активности не беа во можност да се реализираат и се одложија за 2021 година, истото се однесуваше за промената на структурата во организацијата. Имајќи го сето ова во предвид, РРОМА редовно ќе ги известува своите членови за прогресот и свикување на наредното собрание за избор на новата структура.

 

Categories
Новости

РРОМА одржа онлајн семинар – 75 години сеќавање

Во рамките на проектот ” 75 години сеќавање – Младите Роми и не-Роми се борат против заборавање ”  поддржан од програмата Europe for Citizens, РРОМА го одржа првиот онлајн семинар на темата холокауст, едукација и млади. Семинарот се одржа од 24-26 јуни 2020 година, користејќи ја ZOOM платформата.

Учесници на онлајн средбата беа околу 36 претставници од Романија, Македонија, Германија, Србија, Бугарија, Унгарија, Грција, Италија, Албанија.

Покрај техничките објаснувања и генералните презентации на тимот и проектот, учесниците имаа можност да слушнат за историскиот конструкт за Антициганизам и неговото влијание за време на Втората светска војна, презентирана од страна на Мустафа Јакупов – РРОМА ( Северна Македонија), Ромскиот геноцид – “Што ни кажува историјата?” од страна на д-р Милован Писари ( Србија), г-ѓа Оана Балутеску од програмата Europe for Citizen – Романија. Исто така се даде осврт на работа и едукација со млади на темата поврзана со холокаустот како и ситуацијата со Старо Сајмиште во Србија и Законот за заштита на споменици.

 

 

 

Наредниот онлајн семинар ќе се одржи од 28-29 Јули 2020 година, од страна на партнер организацијата Amaro Foro (Берлин).

За повеќе информации следете не на:

Facebook

Categories
Новости

Состанок во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност – Нашето право на сеќавање!” во Брисел

Во периодот од 27.01 до 29.01 во Брисел се оддржа состанок во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност – Нашето право на сеќавање!” поддржан од програмата Europe for Citizens на Европската Унија.

На состанокот учестуваа партнерите од Македонија, Романија, Германија, Унгарија, Србија, Грција, Албанија и Белгија. Се разговараше за крајните продукти од проектот и дисеминација на истите. Учесниците имаа можност да присуствуваат на настанот организиран во Европскиот парламент посветен на Холокаустот, со акцент на Синтите и Ромите како жртви од Втората светска војна.

 

 

 

 

Исто така, дел од партнерите учестуваа на состанокот со комесарката Елена Дали организиран од страна на партнерот ЕРГО, каде што зборуваа за важноста на признавање на геноцидот извршен врз Синтите и Ромите за време на Втората светска војна.

Проектот е поддржана од Europe for Citizens програмата на Европската комисија.

Повеќе информации за проектот може да се најдат на страницата: https://www.facebook.com/righttoremember/.

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинска размена во Бурса, Турција

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Donated Me”, која што ќе се оддржи од 30 јули до 5 август 2019 во Бурса, Турција.

Учесниците на младинската размена ќе имаат можност да добијат информации од област на медицината, односно донацијата на органи и трансплантација, ќе истражуваат за општествените состојби низ Европа поврзани со темата, ќе разменуваат информации со учесници од Полска, Турција, Романија, Словачка и Шпанија. Исто така, оваа младинска размена ќе нуди простор за меѓусебно учење за различните култури на учесниците кои што се дел од проектот.

Детални информации поврзани со младинската размена можат да се најдат на линкот.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 20 до 30 година (можни се исклучоци)
  • млади лидери/ки, младински работници, волонтери, студенти заинтересирани на темата
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 27 јуни 2019 година (четврток), до крајот на денот (23:59 часот)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Know your identity through art” – Романија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Know your identity through art”, која што ќе се оддржи од 25 до 31 јули 2019 во Решица, Романија.

 

Учесниците на младинската размена ќе истражуваат за својата култура и идентитет, ќе научат за концептите на зајакнување и активно граѓанство, ќе учат за Ромската култура и наученото ќе го артикулираат преку уметност.

Уметноста може да биде алатка за зајакнување и пренесување на пораките за толеранција и почит, но и прифаќањето на различностите. Учесниците од Македонија, Естонија, Романија, Германија и Чешка ќе имаат уникатна можност да научат нови вештини и техники со кои што истовремено ќе научат и повеќе за различните култури и идентитети низ Европа, вклучувајќи ја Ромската заедница.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 26 година (можни се исклучоци)
  • млади лидери/ки, младински работници, волонтери, уметници итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 01 јули 2019 година (понеделник), до крајот на денот (23:59 часот)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!