Categories
Конкурси Новости

Одржан онлајн состанок во рамките на проектот ,,Invisible Power”.

На 20ти април РРОМА со партнер организацијата Slovo 21 – Чешка одржаа онлајн состанок на зоом платформата во рамките на проектот ,,Invisible Power”  финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant.

 

На овој состанок се дискутираше за идните активности и средби кои треба да се реализираат во рамките на проектот како и за селекцијата на жени кои ќе земат учество. Освен за тековните и идните активности, на средбата исто така се разговараше за стратегијата и методите кои ќе се користат во текот на  реализацијата на проектот.

 

             

Categories
Новости

Се одржа онлајн состанок во рамки на проектот ,,Digitalize – tools for Roma adults to use internet and promote” education

Денес, партнер организациите РРОМА – Македонија, EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија, Asociatia Nevo Parudimos – Романија и Amaro Foro – Германија одржаа онлајн состанок на зоом платформата во рамките на проектот ,,Digitalize – tools for Roma adults to use internet and promote education”.

На овој состанок се разговараше за идните активности и средби кои треба да се реализираат во рамките на проектот како и за планот за десиминација и методите што ќе се користат. На средбата се финализираа и подготовките за средбата со менторите која ќе се одржи во Бребу, Романија.

                          

Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ “The Other School of Politics“

РРОМА објавува повик за активно учество на Млади Роми и не-Роми во рамките на проектот “The Other School of Politics“ финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant. Проектот ќе се реализира до Декември 2022 година.

Целта на проектот е да се обезбеди активно учество на младите кои не можат да пристапат до своите основни права, а понатака не можат активно да учествуваат во процесите од јавен интерес за нив, но и во политиките што ги спречува да ја зајакнат нивната социјална интеграција. Преку овој проект сакаме првенствено да ги зајакнеме младите Роми, овозможувајќи им пристап и активно учество во преку учење на политичките и општествените механизми за нивна подобра инклузија и пристап до своите права како граѓани.

Целта не е да креираат или подржаат нови политичари кои што водат традиционална политика, туку активни граѓани свесни за процесите на демократијата, кои што го имаат доброто на заедницата како приоритет и ќе делуваат во склад со истите за да се случи посакуваната промена.

Можности кои ги нуди проектот:

  • Младите да пристапат до знаење за политичките и социјалните механизми за нивно активно учество како граѓани преку обуки, дијалог, размена на искуства, разговори со политичари, посети на институции итн.
  • Подигнување на знаењето и свеста на учесниците за демократските вредности како што се социјалната еднаквост, социјалните права, владеењето на правото, зелена агенда, дигитална инклузија итн.
  • Поттикнување на застапеноста на различните Ромски групи во процесот на инклузија на Ромите.
  • Инспирирање на младите кои што се заинтересирани за општествени прашања да станат активни граѓани на политичко и социјално поле и да го зголемат нивното учество во механизмите за одлучување.
  • Вклучување на младите луѓе во различни политички области, имено; активно граѓанство, социјална политика, функционирање на локалните самоуправи, политики кон Ромите и развој на Ромското граѓанско општество во Македонија и Европа.
  • Мала финансиска поддршка за реализација на 5 идеи за застапување на младите учесници
  • Можност за менторство од страна на експерти

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 30 години
  • Да имаат искуство на теми: човекови права, животна средина, малцински права, социјална родова еднаквост, застапување и др.
  • Да работат со маргинализирана група на млади од нивната заедница

Заинтересираните учесници може да се прјават пополнувајќи ја апликацијата најдоцна до 08 април 2022 година, најдоцна до 18:00 часот. Првичната средба на селектираните учесници и започнување на активностите на школата започнуваат кон крајот на Април 2022 година.

This project is part of the project New Solutions To Old Problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration”, funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.

Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКАТА РАЗМЕНА “Plastic is the new green” – Италија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Plastic is the new green”, која што ќе се оддржи  од 03 до 11 мај 2022 година (03 и 11 мај денови за патување) во Pignola – Потенза, Италија.

Целта на младинската размена е да се споделат знаење за заштита на животната средина намалувајќи го нивото на загадување направено од нас самите, со специфична цел „Рециклирај“. Преку младинската размена ќе развиеме ново чувство кај младите за тоа како да се рециклира и живее во одржлива заедница.

48 млади учесници од Северна Македонија, Австрија, Португалија, Турција, Грција, Шпанија и Романија ќе ја имаат можноста:

  • Да се ​​зголеми знаењето  за заштита на животна средина;
  • Да се ​​зголеми знаењето за трите 3 R на рециклирање за време на проектот „Намали (Reduce) рециклирање (Recycle) на повторна употреба (Reuse)“
  • Да се ​​развие чувството за иницијатива, учество и вклученост кај 48 млади луѓе со уметнички и занаетчиски вештини;
  • Да се ​​промовираат социјални иницијативи за унапредување на употребата на креатив-рециклирање како начин да живееме во  подобро опкружување околу нас;

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Задолжителни документи за патување на учесниците:

  • Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
  • Патничко осигурување
  • Дигитален ковид сертификат добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА ( вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ)
  • Потврда за оздравување (за оние кои прележале ковид-19 во претходните 180 дена)

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 1 април 2022 година (петок), најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации

Програма

Ве очекуваме!

Categories
Конкурси Новости

Повик за учество во проектот “INVISIBLE POWER – Невидлива Сила”

РРОМА објавува повик за активно учество на Ромски жени и девојки во рамките на проектот “INVISIBLE POWER – Невидлива Сила” финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant. Проектот ќе се реализира до Декември 2022 година.

Целта  на проектот е подигање на свеста за „Невидливата сила“ преку која жените Ромки можат да влијаат и да ги променат навиките на нивните заедници. Овој проект ќе ги истакне Ромките кои се дел од ова општество и ги решаваат истите проблеми и уживаат во истите мали нешта како жените од мнозинското општество, со цел да се обезбеди активно учество на Ромските жени и девојки како да излезат од затворената зона, и да им се даде можност да ги изразат своите силни страни, но и нивните недостатоци.

На жените и младите девојки Ромки ќе им биде понудена можност:

  • Да имаат средба / обука со жени експерти / ментори (на „Невидлива моќ“, еманципација, позитивни примери, активирање)
  • Создавање и споделување приказни за жените,
  • Средби и сесии со професионален фотограф и шминкер,
  • Креирање кампања на социјалните мрежи
  • Фотосесија и дизајнирање слоган за секоја фотографија
  • Да се ​​запознаат Ромските жени и девојки  со еднаквите права на жените и да се охрабрат да ги бараат своите права на еднаквост.
  • Да се охрабрат Ромските жени и девојки да ги споделат своите приказни, што се променило за да можат девојките Роми да ги покажат своите вредности и што ги обесхрабрувало Ромките да го прават тоа претходно.
  • Преку фотографијата да ги изразат своите силни страни, но и нивните несовршености, а во исто време да се надеваат дека секоја друга жена ќе се види на поединечни слики, дека со својата невидлива моќ можат да влијаат и да го променат циклусот на нивните заедници.

На повикот може да се пријават:

  • Ромски жени и девојки
  • Заинтересирани да научат нови вештини
  • Да работат со Ромски жени и девојки од нивната заедница

Заинтересираните учесници може да се прјават пополнувајќи ја апликацијата најдоцна до 08 Март 2022 година, најдоцна до 18:00 часот

This project is part of the project New Solutions To Old Problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration”, funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.

Categories
Новости

Се одржа вториот транснационален состанок во рамките на проектот LOOSE ENDS

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација  заедно со партнер организациите EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија и Asociatia Nevo Parudimos – Романија, од 13-15 феруари 2022 во Будимпешта, Унгарија го одржаа вториот транснационален состанок во рамките на проектот за стратешко партнерство KA2  Loose Ends.

Состанок го започна партнер организацијата EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association од Унгарија со презентацијата за Унгарското истражување. Се разговараше за реализираните активности на сите партнерски организации, и за предизвици и начинот на кој се е одвивало интервјуирањето, се разгледуваа следните активности кои се во тек на реализација, и за активности кои треба да се реализираат во идниот период.

                                   

На состанокот се одреди и датумот на третиот транснационален состанок кој е предвиден да се оджи од 11 – 13 мај 2022 во Бребу, Романија.

 

 

 

Categories
Новости

Одржана конференција “Говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата како дел од антициганизмот”

На 16,02,2022 (среда) во хотел Континетал, Скопје, се одржа конференцијата, “Говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата како дел од антициганизмот” организиран од страна Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во рамките на проектот на ЕРГО мрежата “Peer education to counter antigypsyist hate speech online” кој е поддржан од Google.Org Impact Challenge on Safety.

На конференција свое воведно обраќање имаше  г-динот Mхамед Точи, државен секретар, министерство за правда.

Конферницијата беше одржана во две панел дискусии.

Првата панел дискусија беше наменета за Презентација на извештајот за говор на омраза и модерирана од страна на г-ца Марија Сулејманова – Ромалитико и панелисти/говорници на панел дискусијата беа: г-дин Дениз Селмани – Автор на годишниот извештај, Мухамед Ајваз – Автор на кварталните извештаи, г-ѓа Марија Андреева – Совет на Европа и г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа – народен правобранител.

               

Втората панел дискусија се одвиваваше на тема Антициганизмот во Република Северна Македонија, дискусијата ја водеа панелисти/говорници г-дин Елвис Мемети – советник за инклузија на Роми, г-дин Мустафа Јакупов – Извршен директор на РРОМА, г-ца Марија Сулејманова – Ромалитико, г-дин Исмаил Камбери – комисија за заштита од дискриманција, дискусијата ја  модерираше г-дин Суад Скендери – Ромалитико.

          

На конференцијата се презентираше извештајот за говор на омраза проследен со дискусија на темата антициганизам во Република Северна Македонија. Според извештајот, во кој се анализирани 118 случаеви на говор на омраза кон ромската
заедница значително се има зголемено во текот на Ковид19 пандемијата. Говорот на омраза во интернет сферата е присутен најчесто на социјалната мрежа Facebook, како најчесто користена мрежа. Негативните коментари, навреди и како и поттикнувањето на говор на омраза се присутни и на постови кои одразуваат негативна содржина кон ромската заедница, меѓутоа и на постови кои прикажуваат позитивна содржина.

                    

На Конференцијата се упати апел за регулирање на слабата правна рамка за говор на омраза за која говори и фактот што во нашата држава е донесена само една правосилна одлука за говор на омраза. Исто така, се упати порака дека потребно е институциите да се запознаат со терминот и концептот антициганизам кој претставува специфична форма на
расизам врз Ромите и за прв пат како термин е официјално прифатен и од страна на РСМ во новата Стратегија за Роми во која се предвидени активности преку кои ќе може се работи искоренување на антициганизмот.

Пристапите кон извештајот на македонски јазик тука

Пристапете кон извештајот на англиски јазик тука

Categories
Конкурси Новости

Повик за семинар “ Das Amen Godi” – We remember, 10.12.2021 – 17.12.2021, Berlin- Germany

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за семинар “ Das Amen Godi” – We remember, кој ќе се одржи од 10.12.2021 – 17.12.2021, во Берлин, Германија.

На семинарот ќе учествуваат 30 лица од 7 европски земји (Германија, Северна Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија и Италија).

Семинарот има за цел да развие сеопфатен пристап по прашањето на Сеќавање на геноцидот и едукација на маргинализираните млади, нивно ефективно вклучување и учество во локални, национални и меѓународни програми, за зајакнување на соработката и односите меѓу ромските и неромските млади и младински организации со цел зајакнување на концептуално разбирање за меѓукултурен дијалог, вклучување на младите, зајакнување и мобилизација, како и активно граѓанство и да се воспостави систем за поддршка за зајакнување на младите Роми капацитети и развој на нови проекти во рамките на новата програма Еразмус плус.

Проектот покрај подигање на свеста за геноцидот на Ромите за време на Втората светска војна преку креативни методи, има за цел зајакнување на меѓукултурниот дијалог меѓу ромските и неромските млади, како и поддршка на долгорочна соработка и размена меѓу ромските и неромските младински организации.  Преку овој семинар сакаме да се подигне самосвеста и самодовербата на младите, да им даде капацитет да се изразат и да ги поттикнат да се вклучат во општеството и да го слушнат нивниот глас.

Целта е да се промовира позитивна слика за Ромите како активни граѓани и е посветен на зајакнување на довербата, меѓусебно почитување и заеднички ангажман на младите Роми и не-Роми. преку овој семинар не само што ќе се зголеми знаењето и чувствителноста на младите Европејци за темите Човекови права, Ромски Геноцид и антициганизам, но зголемената свест кај младите Роми и нероми може зајакнување на свеста на учесниците за нивната улога и одговорност во рамките на нивните
заедниците, општеството и во Европа воопшто.

Семинарот е поддржан од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години (лидерот може да биде над 25 години)
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • Вакцинирани со : BioNTech (Pfizer), Spikevax® from Moderna, Vaxzevria® from AstraZeneca and COVID-19 Vaccine Janssen® from Johnson&Johnson.

Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 Ноември  2021 година (понеделник), најдоцна до 18:00 часот!

Categories
Новости

Оддржана обука за истражување во рамки на проектот Loose ends

Во рамки на проектот „Loose Ends“ кој што е стратешко партнерство, финансирано од програмата Еразмус+ на Европската Унија и меѓународна соработка на три граѓански организации (EgyütthatóEgyesület – Унгарија, NevoParudimos – Романија и РРОМА – Кратово) беше реализирана дводневна обука за 5 истражувачи, реализирана на  16 и 17-ти Септември на зум платформата.

Истражувачите работеа на терен и имаа за задача да соберат и анализираат податоци од една специфична тема од областа на образованието на Ромските деца во специјалните училишта, како и зошто Ромските деца и нивните семејства завршуваат сегрегирани во ваквите институции. Како се одлучува и оценува Ромските деца да се запишат во специјалните училишта, каква е позадината, какви се реакциите на Ромските семејства кон ова итн.

Целна група беа лица кои веќе биле опфатени во овој процес, деца и семејства кои се или биле дел од специјално образование. Со истражувањето опфативме 25 лица. Времетраењето на едно интервју беше од 60 до 90 минути (deep interviews), истите беа снимени, на секое интервју е направена транскрипција на македонски јазик, анализа на англиски јазик и кодинг на англиски јазик.

Потребните задачи се извршуваа во период од еден (1) месец започнувајќи од 20-ти септември 2021, завршувајќи на 20-ти октовмри 2021 година.

   

 

Categories
Uncategorized

Повик за Младинска Размена “ART in The STREET” – 17-25.11.2021, Поронин, Полска

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “ART Street in the street”, која ќе се одржи од  17 – 25 Ноември 2021 година, во Поронин Полска.
На младинската размена ќе учествуваат 40 лица од 4 земји (Република Северна Македонија, Република Словачка, Латвија и Полска).
Целта на младинската размена e да го прошириме знаењето за човековите права, принципите на неговото функционирање во европските земји, да го зголемиме нивото на граѓанска активност и да изградиме свест за движењето против говорот на омраза. Работните методи кои ќе се користат во текот на проектот се: бреинсторминг, работилници, дискусии, состаноци, презентации и методи на неформално образование преку кои ќе ги постигнеме поставените цели.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 20 години (лидерот може да биде над 25 години)
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • Вакцинирани

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  08 Ноември  2021 година (петок), најдоцна до 18:00 часот!