Categories
Конкурси Новости

Повик за EVS волонтери во Солун, Грција

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за 2 волонтери за проектот “ROMA BOTS” 2018-1-EL02-KA125-00410, односно за европски волонтерски сервис во Солун, Грција.

Волонтерите ќе започнат со нивниот сервис од октомври 2018 година. Проектот има 2 акции и секоја од нив трае 10 месеци.

Трошоците поврзани со реализацијата на проектот се покриени од страна на организаторите и Еразмус плус програмата.

Акција 1

Акција 1 има врска со образовната роботика како иновативна и алтернативна алатка за едукација на млади луѓе. Преку оваа акција сакаме да ги запознаеме младите луѓе со образовната роботика и нејзината употреба. Оваа акција е за 3 волонтери од Романија, Унгарија и Македонија. Организација-домаќин на оваа акција е  “eduACT” од Солун. Повеќе информации можете да најдете во инфо-пакетот тука.

Акција 2

Акција 2 има врска со поддршката на младите Роми преку креативни активности како музика, спорт, часови по јазици, работилници и други. Оваа акција е за 3 волонтери од Романија, Унгарија и Македонија. За оваа акција, организација-домаќин е “Lighthouse of the World” од Солун. Повеќе информации можете да најдете во инфо-пакетот тука.

Бараме волонтери/ки …

  • од 18 до 30 години
  • Роми и не-Роми
  • да имаат валиден пасош со најмалку 12 месеци на важност по завршувањето на нивниот сервис
  • да имаат искуство во една од горенаведените акции
  • да зборуваат англиски јазик

Можете да се пријавите на повикот, потполнувајќи ја првичната апликација на линкот до 27 август, најдоцна до 18:00 часот! Учесниците кои што ќе влезат во потесниот избор за волонтер ќе бидат поканети на интервју од страна на РРОМА.

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Новости

Годишно собрание РРОМА

На 20 јуни 2018 година, РРОМА го оддржа редовното годишно собрание во просториите на Хотел Кратис во Кратово.

Пред присутните беа презентирани наративниот извештај за работа во 2017 година, финансискиот извештај/завршна сметка за 2017 година и програмата за работа 2018/19 година.

Исто така, годинава здружението ќе креира нова стратегија за наредните 5 години.

На крајот од состанокот беа усвоени наративниот извештај за 2017, завршната сметка за 2017 и програмата за работа во 2018/19 година.

Наративен извештај 2017

Финансиски извештај 2017

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Be professional in Audio-Visual”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Be professional in Audio-Visual” која што ќе се оддржи од 02 до 12 јуни 2018 година, во младинскиот камп Марабу, Милковени, Романија.

Целта на проектот е преку заеднички напори и соработка на младите Роми и не-Роми да претстави примери на соработка, комуникација, анти-дискриминација и социјално вклучување на младите. Тргнувајќи од претходните искуства сакаме да направиме повеќе од она што досега го направивме и научивме од младите луѓе, и од искуствата на другите земји кога станува збор за аудио-визуелно изразување. Веруваме дека преку аудио-визуелно изразување во вид на емитувања на пораки и медиумски активности можеме да влијаеме врз намалувањето на негативните ставови врз одреден дел на населението и да генерираме прифаќање на различностите, особено на Ромите.

Проектот им помага на младите да откријат нови вештини, да ја подобрат комуникацијата преку аудио-визуелно изразување на своите чувства и во секоја порака да пренесат идеја за промена, толеранција и прифаќање, да ги откријат придобивките од учеството во Еразмус плус програмата и да им ја ги покажат својата култура на другите учесници од Романија, Шпанија, Италија, Турција и Бугарија.

Младинската размена се оддржува од 02 до 12 јуни 2018 година, во младинскиот камп Марабу во Милковени, Романија, каде што 1 и 13 јуни се предвидени денови за патување. Размената е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади од 18 до 30 години
  • Младински активисти, волонтери, уметници …
  • Работен јазик е англиски јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • Комуникативни млади, со желба за нови знаење и развивање на своите аудио-визуелни вештини

Трошоците поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 25 мај 2018 година, 18:00 часот!

Ви благодариме на покажаниот интерес!
Categories
Конкурси Новости

Повик за учество на проектот за сеќавање на Ромскиот холокауст

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, во соработка со ternYpe објавува повик за учесници на проектот за сеќавање на Ромскиот холокауст. Овогодишниот проект опфаќа 3 фази:

  1. Младинска размена “Romany – Remembrance, Action, Youth!” на темата во Кратово од 8-16 јуни 2018, која што служи како подготовка за главниот настан во Краков, Полска;
  2. Учество на настанот “Dik He Na Bister 2018” за комеморација на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, кој што ќе се оддржи во Краков, Полска со посети на музејот “Аушвиц”. Истиот се оддржува од 29 јули до 4 август 2018 година;
  3. Настани организирани од учесниците за понатамошно проследување на добиените информации во период од септември до ноември 2018 година.

Концепт за 2018

Концептот за 2018 предвидува едукативен настан за младите учесници од 25 европски земји, кои што ќе бидат дел од работните групи предводени од фасилитаторите на настанот. Предност ќе им биде дадена на младите кои што за првпат ќе го посетуваат настанот и музејот “Аушвиц”.
Младите учесници ќе работат со своите фасилитатори во мешани работни групи на темите на Ромската историја, Ромскиот геноцид, Антициганизмот и улогата на младите во борбата против модерните облици на расизмот.

Учесниците ќе останат во мешани работни групи од почетокот до крајот на настанот за да се осигура стабилна група која што заедно со своите врсници ќе поминат низ едукативниот процес на настанот потпомогнати од своите фасилитатори.

Подготовки

Селектираните учесници од Македонија ќе поминат низ процес на подготвителни активности во вид на младинска размена. Присуството на младинската размена е задолжително за сите селектирани учесници!

Младинската размена се оддржува од 8 до 16 јуни 2018 година во хотел Кратис, Кратово. На истата учество ќе земаат 22 млади од 4 европски земји (Македонија, Германија, Романија и Литванија). Размената е поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Еразмус плус програмата.

Профил на учесници
  • Млади на возраст од 18 до 30 години;
  • Да имаат желба да научат повеќе за темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна;
  • Да работат во мултикултурни групи без предрасуди;
  • Да бидат подготвени стекнатото знаење од подготовките и едукативниот настан да го пренесат во своите заедници;
  • Да присуствуваат на младинската размена во Кратово организирани од страна на РРОМА;
  • Работен јазик на младинската размена и едукативниот настан во Краков е англискиот јазик. Работниот јазик ќе се користи во работните групи и од страна на фасилитаторите. Се очекува учесниците да имаат активно познавање на работниот јазик. Познавањето на Ромскиот јазик ќе се смета за предност.
  • Да имаат валиден пасош за патување, со најмалку 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Полска!

Трошоци

Трошоците поврзани со подготовките, како и за меѓународното патување, храна и сместување за младинската размена во Кратово и настанот во Полска се покриени од страна на организаторите на настанот. Селектираните учесници задолжително го покриваат своето патничко осигурување и трошоците до договореното место за поаѓање од Македонија до Полска и назад.*

* Се мисли на  национални патни трошоци на пр. место за поаѓање Куманово. Учесниците ќе треба да си го покријат патот до Куманово и назад.

Патување до Полска и назад

За патувањето до Полска и назад ќе биде организиран превоз со автобус.

Сместување во Полска

Учесниците ќе бидат сместени во студентскиот дом “Жажек”(Zaczek). Веднаш до него се Универзитетските простории каде што ќе се држат едукативните работилници.

Пријавување

Пријавувањето на повикот за учесници се врши со потполнување на апликацијата за учествонајдоцна до 25 мај 2018 година, 18:00 часот! Апликациите после предвидениот рок нема да се земаат во предвид!

За дополнителни прашања поврзани до настанот за оваа година можете да ни пишете на: info@rromassn.org

Напомена: Со потполнување на апликацијата вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и не учествувате во подготвителните активности, РРОМА го задржува правото вашето место да го понуди на друго лице од резервната листа!

Ви благодариме на покажаниот интерес!
Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПРОЕКТОТ “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”

РРОМА објавува повик за учество на проектот “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”, кој што започнува од 17 мај до 24 мај со обука во Берлин, Германија. Проектот е поддржан од Еразмус плус програмата.Целта на овој проект е да се подобри искуството и знаењето на младинските работници, волонтери и останатите лица кои што работат со млади во секторот за вработување и кариерно советување со цел да им се даде можност на младите да искусат и да откријат што значи да имаат одредена кариера.

Во проектот се вклучени 8 младински организации од 8 европски држави (Германија, Македонија, Романија, Унгарија, Турција, Франција, Италија и Бугарија) во 4 активности кои таргетираат 158 млади Роми и не-Роми. Предвидените активности се:

а) Обука на младинските работници, волонтери и лидери/ки за младинските размени, која што се оддржува од 17 до 24 мај во Берлин, Германија

б) Прва младинска размена на тема младинско вработување и кариерно советување во Романија од 21 до 30 јуни 2018 (дополнително повик за учесници за младинската размена ќе биде објавен)

в) Втора младинска размена на тема младинско вработување и кариерно советување во Романија од 13 до 22 јули 2018 (дополнително повик за учесници за младинската размена ќе биде објавен)

г) Евалуационен семинар за младинските работници, волонтери, лидери и учесници на младинските размени во Берлин од 20 до 26 септември 2018 година

На проектот и повикот за учество може да се пријават:

  • Млади од 18 до 30 години (можни се исклучоци) кои се заинтересирани за темата;
  • Младински работници, волонтери, лидери/ки;
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Учесниците кои ќе бидат дел од обуката “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking” во Берлин задолжително земаат учество на младинските размени “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking” како лидери/ки на група.

Трошоците поврзани со проектот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 03 мај 2018 година (четврток), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Конкурси Новости

Повик за изработка на студија во рамките на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“

Повик 01/18

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во рамките на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ објавува повик за изработка на студија за проценка  на предложените мерки и закони  кои ги засегаат  лицата без документи, проследена со прирачник за работа на терен со лицата без документација.

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ има за цел да работи на еднаков пристап на лицата без документи до јавните добра и услуги пружени од државата преку воспоставување на механизам и алатки за застапување на законски измени за решавање на нивниот статус.

Студијата, ќе служи како проценка на влијанието на регулативата во сенка за оценување на позитивните и негативните ефекти на предложените регулативи и ќе треба да го следи целиот процес започнувајќи од предлог-закон, измени, консултации до проценка на влијание на предложената регулатива од различни аспекти (социјален, економски и сл) и преку предлози, мислења, сугестии со ЕНЕР системот.

Експертите кои што ќе бидат ангажирани ќе направат проценка на влијанието на предложена регулатива преку ЕНЕР системот и ќе го следат следниот процес:Во делот на законската регулатива ќе се анализираат и оценуваат негативните последици односно недоречености во позитивната законска регулатива. Самиот процес почнува со регистрирање во ЕНЕР системот при што се овозможува следење и активно учество во процесот на консултација. Специфично ќе се анализираат и проценуваат следните закони: Закон за вонпарнична постапка, Закон за водење на матична евиденција, Закон за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и Законот за бесплатна правна помош. Во рамките на оваа активност се предвидува експертите да изработат анализа и проценка на негативните ефекти и недоречености на постојаната законска регулатива и истовремено да понудат конкретни препораки за менување на законската рамка.

По изработката на студијата, експертите ќе подготват документ на најдобри практики за решавање на случаевите на лицата без документи, кој што ќе служи како прирачник кој што ќе има за цел да придонесе за зголемена информираност на населението и теренските работници како конкретно да се постапи по однос на конкретни случаи.

Заинтересираните лица на повикот за изработка на студија и прирачник ќе треба да достават:

  • Писмо за интерес, наведувајќи го своето искуство во областа
  • Кратко резиме или биографија
  • Понуда за изработка на студија и прирачник за ангажман од 40 работни дена во временски период од 6 месеци

Лицата кои што ќе ја поминаат првичната селекција ќе бидат поканети на интервју. Нивниот ангажман ќе започне во мај 2018 година.

Краен рок за доставување на документите е 27.04.2018 година, 23:59 часот на емаил: info@rromassn.org со предмет: Изработка на студија 2018. Апликациите кои што ќе пристигнат после предвидениот рок нема да се земат во предвид.

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ е поддржан во рамките на повикот за суб-грантирање на граѓански организации Бр. 0818-6.1 објавен од здружението Иницијатива за социјална промена – ИнСоК –Скопје во соработка со Ромскиот едукативен центар “Амбрела”, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ – Гостивар и Здружението за заштита на правата на Ромите – Штип, во рамки на проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО” поддржан од Програмата за поддршка за граѓанските организации во рамките на програма за акција на граѓанското општество 2015 / Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Europe Aid / 151569 / DD / ACT / MK

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Rural traditions, learning opportunities 2018”

РРОМА објавува повик за младинската размена “Rural traditions, learning opportunities 2018”, која што се оддржува од 11 до 22 мај 2018 во младинскиот камп Марабу во Милковени, Романија.

Идејата за проектот започна со адресирање на пасивниот однос на младите кон руралните средини и локалните традиции кои што се пред изумирање. Целта на проектот е да се ангажираат младите како активни граѓани во истражувањето, валоризацијата и промоцијата на локалните традиции, кои што многумина ги сметат за застарени и неинтересни.

Нашиот проект има дава простор на 40 млади учесници од 4 европски земји преку размената на културите да станат мотивирани и свесни за својата граѓанска одговорност за зачувување и промовирање на локалните традиции. Исто така, проектот дава можност младите да бидат вклучени во континуиран дијалог помеѓу различните генерации и афирмацијата на загрозените заедници на европскиот простор во туристичкиот, економски и културен развој.

Младинската размена се оддржува од 11 до 22 мај 2018 година, во младинскиот камп Марабу во Милковени, Романија. Истата е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот можат да се пријават:

  • млади од 16 до 25 години
  • младински работници, волонтери, уметници…
  • работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • дел од размената е креирањето на перформанс/театар за локалното население
  • посета на урбани и рурални средини и разговори со младите од тие места

Трошоците поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 4 мај 2018 година, 18:00 часот!

Categories
Новости

Започнува проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од 2 април 2018 година започнува со имплементацијата на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“. Истиот, ќе се имплементира 9 месеци, односно до 31.12.2018 година.

Проектот е поддржан во рамките на повикот за суб-грантирање на граѓански организации Бр. 0818-6.1 објавен од здружението Иницијатива за социјална промена – ИнСоК –Скопје во соработка со Ромскиот едукативен центар “Амбрела”, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ – Гостивар и Здружението за заштита на правата на Ромите – Штип, во рамки на проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО” поддржан од Програмата за поддршка за граѓанските организации во рамките на програма за акција на граѓанското општество 2015 / Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Europe Aid / 151569 / DD / ACT / MK

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ има за цел да работи на еднаков пристап на лицата без документи до јавните добра и услуги пружени од државата преку воспоставување на механизам и алатки за застапување на законски измени за решавање на нивниот статус.

Специфичните цели на проектот вклучуваат:

  • Градење на капацитетите на НВО и засегнатите страни за работење со лицата без документи на терен, евиденција, следење и решавање на проблемот преку case management систем
  • Проценка на влијанието на регулативата во сенка за оценување на позитивните и негативните ефекти на предложените регулативи
  • Промовирање на добри практики за работата со лицата на терен со лицата Роми без документи

Очекуваните резултати од проектот се:

  • Case management систем за НВО за идентификување на лицата без документи, работа на терен, водење на случај, процесирање и евидентирање
  • Проценет импакт на влијанието и извештај во сенка на регулативата за оценка на позитивните и негативните ефекти на предложените законски измени
  • Развиен прирачник  за решавање на конкретни случаеви и мерки за превенција

Во рамките на проектот како целни групи ќе бидат вклучените НВО во проектот, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа и управата за водење на матична книга. Проектот, како корисници ги идентификува лицата без документи и локалните самоуправи.