Categories
Новости

Се одржа четвртиот онлајн состанок за стартешкото партнерство за проектот Loose Ends

РРОМА  заедно со партнер организациите EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија и Asociatia Nevo Parudimos – Романија на 23 април 2021 год. се одржа и четвртиот онлајн состанок на нашиот проект за стратешко партнерство KA2  Loose Ends. Состанок се одржа на зоом платформата.

        

На овој состанок се дискутираше кои прашања би ги ставиле во нашето истражување, каде што предходно секоја партнер организација имаше подготвено прашања. Се разговараше на кој начин би се одржувале интервјуата, и ги финализиравме прашањата кои ќе бидат во истражувањето, и кои се следните активности за периодот кој следи.

 

 

 

 

Categories
Новости

Се одржа вториот онлајн состанок- Loose Ends

РРОМА и партнер организациите EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија и Asociatia Nevo Parudimos – Романија на 26 февруари го одржаа и вториот онлајн состанок на зоом платформата за проект за стратешко партнерство KA2  Loose Ends.

На овој состанок  се подготвуваше план за истражување со цел за нашиот меѓународен проект. За време на оваа истражување ќе се спроведат длабински интервјуа со млади Роми од Романија, Унгарија и Северна Македонија, кои посетувале посебни училишта.

Kаде што ќе се  истражува за влијанието на специјалната едукација врз животот на младите Роми кои што биле дел од истата и ќе застапуваме за подобрување на квалитетот, но и препознавање на бариерите и антициганизмот застапен во институциите.

 

 

Categories
Новости

Project Market 21 and 22 April, 2021

In recent months, Roma and pro-Roma organizations in 10 countries have recommended good practices to each other. On April 21 and 22, we will present 23 of these at an online project exchange for the duration of a presentation, and then everyone will select and adapt at least one idea for the next year and a half, and our experts will help each other pass the methods. “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.

 

The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.

Categories
Новости

Се организираше второто издание на настанот “Ромската жена во 21иот век – можности, придонеси и предизвици”

По  повод 8 Март- меѓународниот ден на жената, коалицијата на ромски невладини организации “Khetane“ го организираше второто издание на настанот “Ромската жена во 21иот век – можности, придонеси и предизвици” во ЕУ куќата. Настанот е продолжение од минатогодишниот настан во рамки на проектот насловен „Romani Women POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ (IPA/2019/162472-1/3) поддржан од ЕУ.

На овој двочасовен настан свое обраќање имаа сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и ЕУ амбасадорот и шеф на делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, г-дин Дејвид Гир.

Во своите обраќања, ја истакнаа својата поддршка за создавање на поволна средина и зголемување на свеста кај општата популација, за да се надминат бариерите, со цел поголема инклузија на жените Ромки. За придонесот и поддршката за унапредување на правата на жените и девојчињата Ромки, коалицијата Khetane им врачи благодарници на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија и ЕУ амбасадорот.

  Коалицијата “Khetane” покани говорнички од ромската заедница со различни профили и професионално искуство, жени кои први го имаат отпочнато ромскиот женски активизам во земјава, жени што работат на економско зајакнување на ромската заедница и почитување на човековите права. Панелистките кои што ги споделија своето искуство со публиката беа: Г-ѓа Дилбера Камберовска од организацијата „ДАЈА“ од Куманово; Г-ѓа Кјмет Амет од РАЖМ „ЛУЛУДИ“ од Скопје; Г-ѓа Сузан Амет од организацијата „МИР“ од Скопје и Г-ѓа Енисе Демирова од здружението „Черења“ од Штип. Препознавајќи ги нивните заложби, искуство и придонеси за унапредување на правата на жените и девојчињата Ромки, коалицијата Khetane им додели благодарници за нивниот ангажман.

Настанот “Ромската жена во 21иот век – можности, придонеси и предизвици” се организираше со цел да ги зајакне и охрабри ромските жени во Северна Македонија, давајќи видливост и важност на нивните улоги и придонеси во македонското општество. Преку споделувањето на нивните лични искуства и приказни, јавноста имаше увид во нивните достигнувања како жени со различни профили на работа.

Исто така, се даде акцент на важноста на еднаквите економски, правни и репродуктивни права на ромските жени, како и важноста на концептот на родовата еднаквост и учеството на ромските жени во процесот на интеграција на ромската заедница, носењето на одлуки и креирањето оддржливи политики за Ромите во Северна Македонија, како идна членка на ЕУ.

Поради запазување на протоколите од КОВИД-19, панел дискусијата се пренесуваше во живо на фејсбук страниците на коалицијата.

Categories
Конкурси Новости

Повик за аплицирање за наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција 2021 година – „Извонредни луѓе кои промовираат еднаквост преку вработување“

Повикот за аплицирање за новата награда на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција за 2021 година е отворен. Наградата на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување наменета за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција ја зголемува видливоста и на предизвиците со кои се соочуваат Ромите на Западен Балкан и на Турција, и на важната работа на некои посветени учесници што ја поддржуваат интеграцијата на Ромите. Наградата нуди признание, публицитет и поддршка за позитивните модели кои покажуваат опипливи резултати во областа на интеграцијата на Ромите.

Наградата на ЕУ за интеграција на Ромите во 2021 година ќе промовира приватни или јавни иницијативи кои постигнаа извонреден придонес кон одржливо вработување на Ромите, како механизам за прекинување на кругот на исклучување.

Наградата ја доделува Европската комисија и е финансирана од IPA-фондовите, а ја имплементира Roma Active Albania (RAA).

Наградата треба да привлече внимание кон конкретните напори и позитивни резултати на различните релевантни странки за зголемување на пристапот до вработување, како и квалитетот на вработувањето на Ромите. Половата еднаквост и еманципацијата на жените Ромки во областа на вработувањето ќе биде важна димензија.

Поконкретно, наградата е наменета да помогне за следните цели:

  1. Дополнително прифаќање на улогата и придонесот на вработувањето Роми како една од клучните области за подобрување на позицијата на ранливата категорија на жените Ромки и Ромите во регионот.
  2. Промовирање на успешните модели на вработување на Роми и позитивните промени во нивните заедници.
  3. Негување на институционалниот дијалог при вработувањето на Ромите.
  4. Истакнување на поддршката и работата на Европската Унија за интеграција на Ромите во државите за проширување.
  5. Негување на соработката помеѓу засегнатите страни во процесот на интеграција на Ромите.
  6. Осигурување на прифаќање и одржливост на влијателните активности имплементирани на најосновното ниво на општествена солидарност.
  7. Идентификување и споделување позитивни примери за работа на поединци, јавни институции, приватни друштва, деловни субјекти и граѓански здруженија на централно и локално ниво во полето на вработувањето.

Апликациите ќе ги разгледува независен одбор за евалуација и ќе ги избере наградените.

Ќе има двајца наградени како корисници на IPA што промовираат вкупно 14 значајни искуства.

Сите наградени ќе добијат меѓународно признание преку церемонијата за доделување на наградата која, доколку дозволат условите, ќе се одржи во Брисел. Сите наградени ќе бидат поканети да присуствуваат на другите настани организирани таму за време на Ромската недела во 2021 година. Покрај тоа, сите наградени ќе земат учество во студиската посета на Мадрид на тема „Пристап до вработување на Ромите“.

Поединци и наградени од граѓанското општество, дополнително може да добијат финансиска поддршка за да продолжат со нивните иницијативи во областа на вработувањето на Ромите. Во овој случај, износот на наградата е ист како што беше применет во наградата за Роми во 2019 година, односно 7 500 евра. Износот е утврден на таков начин да биде доволно голем за да привлече внимание и да се овозможи понатамошна работа во целната област.

Детални информации за повикот можат да се добијат на:

Форма за апликација

Форма за номинација

Јазикот што се користи за апликации и номинации е англискиот јазик. Придружните документи може да бидат на различни јазици, меѓутоа се претпочитаат англиски верзии.

Рокови

Краен рок за доставување на апликациите и номинациите заедно со останатите релевантни документи е 25 мај 2021 година, до 23:59 часот според локално време.

Поднесување

Поднесувањето на апликации (самономинации) ќе се врши преку електронска пошта на адресата: application_eu_award_2021@raa.al.

Насловот на електронската порака мора да ги содржи иницијалите на апликантот и државата на потекло.

Поднесувањето на номинации ќе се врши преку електронска пошта на адресата: nomination_eu_award_2021@raa.al.

Насловот на електронската порака мора да содржи кратенка на називот на номинаторот, иницијалите на апликантот и државата на потекло.

Апликациите и номинациите заедно со придружните документи може да се испратат и по пошта на адресата:

Roma Active Albania – Rr. “YlbereBylykbashi”; P. 25; Shk. 2; Ap. 4; Тирана, Албанија

Во овој случај, ќе бидат разгледани само апликациите/номинациите што сме ги примиле во рамките на рокот. Апликациите што ќе стигнат по пошта подоцна од утврдениот рок нема да бидат предадени на евалуација.

Информативни средби поврзани со учество на повикот за аплицирање ќе следат наскоро во земјите од Западен Балкан и Турција.

Categories
Новости

РРОМА беше дел од дводневна обука за секретаријатот на НМСМ како и за претставници на организациите членки, со цел претставување на стратегијата и нејзините алатки за комуникација

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација претходната недела ( 26-27 јануари) учествуваше на дводневната обука за секретаријатот на НМСМ и претставници на организации, со цел претставување на стратегијата и нејзините алатки за комуникација.  Обуката беше спроведена од Проф. д-р. Јасна Бачовска Недиќ.

Покрај претставувањето на документот беа презентирани различни стратегии за комуницирање во граѓанскиот сектор како и алатки кои би придонеле за подобрување на внатрешната и надворешната комуникација во организациите.

 

Categories
Новости

27 Јануари – Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот

27 јануари е меѓународен ден на сеќавање на трагедијата на холокаустот што се случи за време на Втората светска војна. Тоа е ден за спомен на геноцидот што резултираше со смрт на милиони луѓе од страна на нацистичкиот режим и неговите соработници.

Терминот “Холокауст” се однесува на актите на геноцид за време на Втората светска војна – и денес многу научници се согласуваат дека тоа се однесува на геноцидот врз Евреите (познат како Шоа) и Ромски термини кои се користат за да ги именуваат нацистичките обиди за елиминирање на ромското население – се Порајмос или Фарајимос (воодушевување или уништување), Самударипен (масовно убиство) и Кали траш (црна страв).  Нацистите, исто така беа насочени кон истребување на ЛГБТ, лица со хендикеп и политички неистомисленици кои не се вклопуваат во моделот на „Супер-Ариецот“.

 

По почетокот на Втората светска војна во 1939 година, режимот на Нацистите одлучи да ги отстрани сите Роми и Синти од територијата на Третиот рајх. Ним им беше наредено да се населат и сместат во еврејски гета и логори. Првата депортација се случи на 16 мај 1940 година од Равенсбурк во логорите на окупираната Полска.

Според архивите и најдените податоци, во март 1944 година Третиот рајх имал 22 големи концентрациони логори и 165 работнички кампови. Се смета дека тој број е поголем, односно дека имало 58 главни и 958 регионални кампови, или вкупно 1.016 кампови. Поголеми концентрациони логори биле: ДАХАУ во Германија, Треблинка во Полска, Јасеновац – Хрватска, и најголемиот нацистички концентрационен логор за масовно истребување е АУШВИЦ во Полска.

Ромскте деца и семејства биле користени за експериментите на одделот за Расна Хигиена и Популациона Биологија од страна на д-р Роберт Ритер и неговата помошничка Ева Јустин. После долгите теренски истражувања, интервјуа и медицински прегледи заклучиле дека Ромите немаат „чиста“ крв и како такви претставуваат опасност за германската расна чистота поради тоа донеле заклучок дека мора да се протераат или истребат. Дел од децата испратени во концентрациониот логор биле подложени на експериментите на Јозеф Менгеле (непотребна ампутација на екстремитетите, намерно инфицирање со тифус, инекција со хлороформ во срцето, стерилизаија и др.). Повеќето од децата на крајот биле убиени во гасните комори. Преживеале само 4 деца!

Над еден милион луѓе депортирани во Аушвиц загинаа таму. Се проценува дека шест милиони Евреи биле истребени во логорите на смртта. На 27 јануари 1945 година во Аушвиц – најголемиот нацистички концентрационен логор на смртта, сè уште имало околу 7.000 затвореници, односно луѓе кои што не беа испратени на маршевите на смртта, а повеќето од нив беа деца не постари од 15 години и лица на средновечна возраст, прегладнети и неподвижни. Истиот ден, Аушвиц беше ослободен од Црвената армија и тоа што го видоа војниците беше комшмар и нешто надвор од нормалното. Што се однесува на Ромите, кои што беа затвореници во логорот, нивниот број бил само 4!

Советот на Европа беше движечкиот дух зад воведувањето на Денот на сеќавање на холокаустот и спречување на злосторства против човештвото.
Министрите за образование од земјите-членки ја донесоа одлуката во октомври 2002 година. Додека Германија и Франција го избраа 27 јануари, денот кога беше ослободен Аушвиц, Денот на холокаустот варира во другите земји во согласност со соодветното историско искуство.

На 1 ноември 2005 година, генералното собрание на ОН со резолуцијата 60/7 го прогласува 27 јануари за меѓународен ден за сеќавање на холокаустот. На овој ден се сеќаваме на околу 6 милиони убиени евреи, над пола милион убиени Роми, и уште 11 милиони останати луѓе, кои што беа жртви на нацистите и нивните соработници.Се сеќаваме и на нашата одговорност како луѓе и општество, ужасите од тој период да не се заборават!

Кога станува збор за ХОЛОКАУСТОТ, секогаш помислуваме на одреден морничав и мрачен период од Втората светска војна, помислуваме на нацистите, помислуваме на наредбите на Хитлер, на масовното истребување на Ромите, Евреите, истребување на ЛГБТ, лица со хендикеп и политички неистомисленици. Но, многу е важно истото да не го заборавиме и да креираме свест, и знаење помеѓу нашите врсници за истото. Мораме да се потсетуваме на лошите работи, безмислените, грозни и мрачни случувања во минатото, затоа што ако не ги препознаваме истите во нашите општества, тие можат да се случат повторно, сега и во иднина. Мора да делуваме во сегашноста, влечејќи лекции од минатото, за да обезбедиме сигурна иднина за сите нас како човештво!

Categories
Новости

Online meetings of Macedonian team, held between the mentor, the coordinator and the peer educators from PEACO prject

RROMA within the project of the ERGO network “Peer education to counter antigypsyist hate speech online” (PECAO)  Supported by Google.Org Impact Challenge on Safety After the selection of peer educators from Macedonia, every two weeks the mentor and the coordinator hold online meetings with their 5 peer educators.

                 

The online meetings discuss the educational workshops as well as the monitoring ones conducted and maintained by 5 peer educators in Macedonia.

                       

It also discusses the emotional state and problems faced by peer educators as well as their target groups during monitoring and educational meetings. Peer educators from Macedonia actively hold their educational meetings and regularly follow the media as well as social networks for sharing and announcements related to the topic of hate speech.

                

This year our last meeting was on 22.12.2020, we will continue with the same pace next year.

 

Categories
Новости

Одржан онлајн панел дискусија (кафе муабет на зоом) на тема: „Предизвикот на жените Ромки за време на пандемијата“

 

РРОМА заедно со коалицијата Khetane, на ден 21.12.2020 година (понеделник), со почеток од 17.00 часот, беше одржана онлајн панел дискусија (Кафе муабет)  на zoom платформата, во рамки на проектот: Ромската жена, моќ на промена на Западен Балкан и Турција, организираше панел дискусија на тема „Кои се предизвиците на жените Ромки за време на пандемијата“.

 

                                            

Настанот се организираше во рамките на проектот „Romani women – Power of change in the Western Balkans and Turkey“ поддржан од Европската Унија. РРОМА го имплементира проектот во Република Северна Македонија како партнер на Рома Актив Албанија.

Коалицијата „Khetane“ покани говорнички со различни профили и професионално искуство кои што низ муабет  дадеа одговор на предизвиците со кои што се соочуваат. Гостинки на настанот беа: Салија Бекир;  Санела Емин; Елма Демировска; Амиде Шаќири; Ајсел Мемет. Настанот беше модериран од Фатма Бајрам Аземовска,и одеше во живо на Facebook  страната на коалицијата Khetane.

                             

Настанот “Предизвиците на жените Ромки за време на пандемија“  се организираше со цел да ги зајакне и охрабри ромските жени во Северна Македонија, давајќи видливост и важност на нивните улоги и придонеси во македонското општество. Преку споделувањето на нивните лични искуства и приказни, јавноста  имаше увид во нивните достигнувања како жени со различни профили на работа и како тие функционираат во време на Пандемија.

Исто така, се даде акцент на важноста на еднаквите економски, правни и репродуктивни права на ромските жени, како и важноста на концептот на родовата еднаквост и учеството на ромските жени.

Categories
Новости

Одржана дигитална конференција “Адресирање на говорот на омраза на Ромската заедница во онлајн сферата на општествено живеење”

 

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација на 10 декември 2020, денот на човековите права, организираше Дигитална конференција на тема Адресирање на говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата на општественото живеење.

                                                   

На дигиталната конференција свое воведно обраќање имаше г-динот Аркин Јахији, шеф на Кабинетот на Заменик Министерот за правда.

Конференцијата беше организирана во два панели.

На првиот панел говорници беа г-ѓа Ѓултен Мустафова од Министерството за труд и социјална политика, г-ца Марија Андреева од Советот на Европа, г-ѓа Марина Тунева од Советот на етика во медиумите и г-дин Мустафа Јакупов извршен директор на РРОМА модериран од Урмета Арифовска (РРОМА).

                                    

 

На вториот панел говорници беа г-а Марија Сулејманова од Институтот Ромалитико, г-дин Срѓан Амет од Здружението на правници Роми, г-а Ирена Здравковска од Здружението Млади правници и г-а Славица Атанасовска од Хелшинскиот Комитет, модериран од Мухамед Ајваз (Ромалитико).

                                                  

На дигиталната конференција се дискутираше за говорот на омраза од различни аспекти и како истиот е адресиран и треба да биде адресиран од различни засегнати страни. Дискусијата на темата говорот на омраза се разви во дискусија за генералната поставеност на заштитата од говор на омраза пришто таквата дискусија даде насока за специфично дискутирање на говорот на омраза кон ромската заедница.

                                        

Заклучоците од дискусијата наведоа на тоа дека институциите треба да обрнат поголемо внимание на говорот на омраза на интернет и истите тие треба да остварат поголема соработка со невладиниот сектор за развивање на соодветни политики и одредби кои ќе обезбедат подобра заштита од говорот на омраза.

Дигиталната конференција беше стримувана на социјалната мрежа facebook:

https://www.facebook.com/rromassn.org/videos/387320299168322