Повик за обуката во рамките на проектот “Mingle and exploring Human Rights in Europe”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за учесници во рамките на проектот “Mingle and Exploring Human Rights in Europe!”. Проектот е поддржан од програмата Еразмус плус и националната агенција на Германија. Обуката се оддржува во Кратово од 07 до 14 декември 2019 година.

Проектот има за цел да ги ангажира младите лидери/ки, особено маргинализираната младина во промоција на вредностите на човековите права, истовремено преку употребата на неформалното образование да ги обучува истите да ги промовираат помеѓу нивните врсници работејќи на вредностите на демократијата, човековите права, правото на пристап до бесплатни јавни информации, правото на глас и слобода на избор, правото да поставуваат прашања во нивните општини и да го кренат гласот за нивните права како граѓани. Целта е учесниците на проектот да станат активни граѓани кои делуваат самостојно и соодветно реагираат во решавањето на своите проблеми пред надлежните институции, придонесувајќи за почитување на демократските вредности на едно општество, транспарентноста и владеењето на правото. Проектот е за креативно на младите. Овој проект не само што ќе го зголеми знаењето и чувствителноста на младите Европејци за темите на човекови права, демократија и дискриминација, со акцент на антициганизмот, туку ќе ги направи свесни за нивната улога и одговорност во рамките на нивните заедници, општеството и Европа во целост.

Проектот опфаќа повеќе активности, меѓу кои:

  • Обука за младински работници – Кратово (Македонија) – декември 2019
  • 2 Младински размени (Берлин, Германија и Решица, Романија) – мај 2020 и јули 2020

Учесниците на обуката, ќе имаат можност своите лидерски вештини да ги тестираат и употребат за време на една од младинските размени кои што ќе се оддржуваат во Германија и Романија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми над 18 години
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки кои што сакат да работат на темата на човекови права
  • Работен јазик е англискиот јазик

Трошоците поврзани со обуката и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20 ноември 2019 година (среда), до крајот на денот (23:59)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Заврши проектот “LET IT BE 2 – SHARED WISDOM”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово учествуваше на проектот “Let it be 2 – shared wisdom” и на обуката која што се оддржа од 3 до 13 септември 2018 година во Ромхани, близу Будимпешта (Унгарија). На обуката учествуваа 23 учесници од 10 европски земји (Македонија, Унгарија, Бугарија, Чешка, Романија, Полска, Германија, Грција, Холандија и Италија).

Целта на проектот беше да го зголеми квалитетот на младинската работа преку развој на капацитетите на активните обучувачи, фасилитатори, ментори активни во полето на работа со млади.

Исто така, проектот се фокусираше на воведувањето и обезбедување на практиката на методот: супервизија на врснички групи.

Хоризонталната цел на проектот беше да се подигне свеста на професионалците активни во полето на неформалното образование за вклучување на активности за само-рефлексија и самоспознавање постојано (или барем одвреме-навреме) со цел пристапување до своите собрани искуства како младински работници.

Обуката беше поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

Резултатите и краениот продукт се достапни на следниот линк:

Let it be 2 – shared wisdom: Peer supervision cases