Categories
Uncategorized Конкурси Новости

The FOTA youth exchange has ended – Заврши младинската размена FOTA во Белград

RROMA recently concluded a youth exchange in Belgrade under the project “From Oblivion to Awareness – Youth and the Roma Holocaust” uniting participants from North Macedonia, Serbia, and Germany for a profoundly moving and educational journey. This exchange provided participants with a unique opportunity to deepen their understanding through a series of workshops, an educational visit to the Topovske Šupe concentration camp, and the commemoration of August 2nd, recognized as European Roma Holocaust Memorial Day.

The project featured workshops focused on historical education, combating antigypsyism sentiments, and exploring the effects of these issues. By engaging young participants and their peers, the initiative successfully raised awareness and fostered a commitment to preserving the memory of the Roma genocide through digital and creative means.

The youth exchange in Belgrade and subsequent educational workshops served as platforms for participants to exchange experiences and ideas, share knowledge, and delve into the history of the Roma community and the pervasive issue of anti-Romani sentiment. The exchange culminated in a poignant commemoration on August 2nd.

This transformative experience not only deepened our collective understanding of the Roma Resistance but also underscored the critical importance of combating antigypsyism. We extend our heartfelt gratitude to our exceptional partners, “Amaro Drom” from Germany and “Point of View” from Serbia, as well as the invaluable support from the EVZ Foundation, whose funding made this project possible.

This multi-year project is supported by the German Federal Foreign Office and implemented by Regional Youth Cooperation Office (RYCO).

*RYCO is the only intergovernmental organization dealing with peacebuilding, reconciliation, and cooperation in the region through youth exchange programs. It was established by the WB6 governments in July 2016 within the Berlin Process. RYCO’s program focuses on creating opportunities for young people to engage in activities that build mutual understanding and reconciliation in the civic, social, educational, cultural, and sports domains. RYCO initiates and participates in policy-making and advocates for reform. It supports the development of a political and social environment that empowers and facilitates youth exchange.

——————————————–

РРОМА раелизираше младинска размена во Белград во рамките на проектот „From Oblivion to Awareness – Youth and the Roma Holocaust“, обединувајќи учесници од Северна Македонија, Србија и Германија за едно длабоко и образовно патување. Оваа размена им овозможи на учесниците уникатна можност да го продлабочат своето разбирање и знаење преку низа работилници, едукативна посета на концентрациониот логор Топовске Шупе и комеморацијата на 2 Август, кој е признаен како Европски ден на сеќавање на Ромскиот холокауст.

Проектот вклучуваше работилници фокусирани на историско образование, борба против антициганизам и истражување на ефектите од овие прашања. Преку ангажирање на младите учесници и нивните врсници, иницијативата успешно подигна свест и поттикна посветеност за зачувување на споменот на Ромскиот геноцид преку дигитални и креативни средства.

Младинската размена во Белград и последователните едукативни работилници послужија како платформи за учесниците да разменат искуства и идеи, да споделат знаења и да се запознаат со историјата на Ромската заедница и распространетиот проблем на антициганизам. Размената кулминираше со комеморација на 2 Август.

Ова трансформативно искуство не само што го продлабочи нашето колективно разбирање за Ромскиот отпор, туку и ја нагласи критичната важност на борбата против антициганизам. Огромна благодарност до нашите извонредни партнери „Amaro Drom“ од Германија и „Point of View“ од Србија, како и за поддршка од Фондацијата EVZ, чие финансирање го овозможи овој проект.

Овој повеќегодишен проект е поддржан од Германското Сојузно Министерство за Надворешни Работи и е спроведен од Регионалната Канцеларија за Младинска Соработка (RYCO).

*RYCO е единствената меѓувладина организација која се занимава со градење на мир, помирување и соработка во регионот преку програми за младинска размена. Основана е од страна на владите на земјите од Западен Балкан во јули 2016 година во рамките на Берлинскиот процес. Програмата на RYCO е фокусирана на создавање можности за младите да се вклучат во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанската, социјалната, образовната, културната и спортската област. RYCO иницира и учествува во креирање на политики и застапува за реформи. Го поддржува развојот на политичка и социјална средина која овозможува и олеснува младинска размена.