Categories
Новости

„Биди своја сила“ – информативни средби на РРОМА

Во периодот од 9 до 12 април 2019 година, РРОМА организираше свои информативни средби со заинтересирани млади за вклучување во многубројните активности и мобилности на национална и меѓународно ниво.

Средбите започна во Топаана-Скопје во просториите на здружението „Сумнал“, продолжија во просториите на советот на општина Штип, средното училиште „Ацо Русковски“ во Берово и Пехчево, просториите на општина Кочани и средното училиште во Виница.

Младите учесници се запознаа со историјата на здружението РРОМА, активностите и како тие можат да се вклучат во истите. Беа споделувани лични примери од персоналот на РРОМА, и им се даде можност на младите да поставуваат свои прашања. На средбите беше нагласано дека РРОМА работи на зајакнувањето и личниот развој на младите, нудејќи различни можности за тоа тука и во странство преку неформално образование, младински размени, волонтерски сервис во странство итн. Исто така, беше потенцирано дека РРОМА не наплаќа партиципација или котизација за учество на таквите активности.

Во наредниот период ќе следи втор дел на информативни средби во други општини од државата.