Categories
Конкурси Новости

Повик за изработка на студија во рамките на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“

Повик 01/18

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во рамките на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ објавува повик за изработка на студија за проценка  на предложените мерки и закони  кои ги засегаат  лицата без документи, проследена со прирачник за работа на терен со лицата без документација.

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ има за цел да работи на еднаков пристап на лицата без документи до јавните добра и услуги пружени од државата преку воспоставување на механизам и алатки за застапување на законски измени за решавање на нивниот статус.

Студијата, ќе служи како проценка на влијанието на регулативата во сенка за оценување на позитивните и негативните ефекти на предложените регулативи и ќе треба да го следи целиот процес започнувајќи од предлог-закон, измени, консултации до проценка на влијание на предложената регулатива од различни аспекти (социјален, економски и сл) и преку предлози, мислења, сугестии со ЕНЕР системот.

Експертите кои што ќе бидат ангажирани ќе направат проценка на влијанието на предложена регулатива преку ЕНЕР системот и ќе го следат следниот процес:Во делот на законската регулатива ќе се анализираат и оценуваат негативните последици односно недоречености во позитивната законска регулатива. Самиот процес почнува со регистрирање во ЕНЕР системот при што се овозможува следење и активно учество во процесот на консултација. Специфично ќе се анализираат и проценуваат следните закони: Закон за вонпарнична постапка, Закон за водење на матична евиденција, Закон за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и Законот за бесплатна правна помош. Во рамките на оваа активност се предвидува експертите да изработат анализа и проценка на негативните ефекти и недоречености на постојаната законска регулатива и истовремено да понудат конкретни препораки за менување на законската рамка.

По изработката на студијата, експертите ќе подготват документ на најдобри практики за решавање на случаевите на лицата без документи, кој што ќе служи како прирачник кој што ќе има за цел да придонесе за зголемена информираност на населението и теренските работници како конкретно да се постапи по однос на конкретни случаи.

Заинтересираните лица на повикот за изработка на студија и прирачник ќе треба да достават:

  • Писмо за интерес, наведувајќи го своето искуство во областа
  • Кратко резиме или биографија
  • Понуда за изработка на студија и прирачник за ангажман од 40 работни дена во временски период од 6 месеци

Лицата кои што ќе ја поминаат првичната селекција ќе бидат поканети на интервју. Нивниот ангажман ќе започне во мај 2018 година.

Краен рок за доставување на документите е 27.04.2018 година, 23:59 часот на емаил: info@rromassn.org со предмет: Изработка на студија 2018. Апликациите кои што ќе пристигнат после предвидениот рок нема да се земат во предвид.

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ е поддржан во рамките на повикот за суб-грантирање на граѓански организации Бр. 0818-6.1 објавен од здружението Иницијатива за социјална промена – ИнСоК –Скопје во соработка со Ромскиот едукативен центар “Амбрела”, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ – Гостивар и Здружението за заштита на правата на Ромите – Штип, во рамки на проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО” поддржан од Програмата за поддршка за граѓанските организации во рамките на програма за акција на граѓанското општество 2015 / Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Europe Aid / 151569 / DD / ACT / MK