Повик за младинската размена “Know your identity through art” – Романија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Know your identity through art”, која што ќе се оддржи од 25 до 31 јули 2019 во Решица, Романија.

 

Учесниците на младинската размена ќе истражуваат за својата култура и идентитет, ќе научат за концептите на зајакнување и активно граѓанство, ќе учат за Ромската култура и наученото ќе го артикулираат преку уметност.

Уметноста може да биде алатка за зајакнување и пренесување на пораките за толеранција и почит, но и прифаќањето на различностите. Учесниците од Македонија, Естонија, Романија, Германија и Чешка ќе имаат уникатна можност да научат нови вештини и техники со кои што истовремено ќе научат и повеќе за различните култури и идентитети низ Европа, вклучувајќи ја Ромската заедница.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 26 година (можни се исклучоци)
  • млади лидери/ки, младински работници, волонтери, уметници итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 01 јули 2019 година (понеделник), до крајот на денот (23:59 часот)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!