Categories
Новости

Градоначалникот Димитриевски во Брисел ја доби наградата „Најпријателски Ромски Градоначалник“

Градоначалникот на Куманово, г-дин Максим Димитриевски, беше прогласен за најпријателски Ромски градоначалник од Република Северна Македонија во Брисел на церемонијата која што се оддржа во Европскиот парламент на 18.05.2022 година. Тој го доби официјалното признание и наградата од претставниците на Европскиот парламент и Европската комисија. На настанот присуствуваа сите градоначалници-добитници на наградата од регионот на западен Балкан и Турција.

Во рамките на проектот „Ромските жени – моќ на промената во Западен Балкан и Турција“ (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 заеднички имплементиран од Roma Active Albania, ERGO Network и Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објави четвртиот конкурс за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“.

Изборот за „најпријателски Ромски градоначалник“ се организира за подобрување на дијалогот на локалните власти и Ромската заедница, и добрите пракси на дијалог да станат видливи. Целта на изборот е да биде конструктивна алатка за подобрување на состојбата на Ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните примери, без обвинувања на останатите.

Коалицијата “Khetane” внимателно го организираше изборот во Република Северна Македонија, која што го прогласи градоначалникот Димитриевски за победник со освоени 45 поени, наспроти Берово со 42, Тетово 30 и Крива Паланка со 28.

Како градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски работи на поддршка на ромската заедница со внесување промени во општествениот живот, подобрување на животниот стандард и промовирање на достигнувањата на граѓаните Роми. Неговата цел за градот е позитивен соживот и вклучување на сите етнички заедници во одлучувањето на локално ниво.

Брошура од сите добитници  https://bit.ly/3G3YeI0

2022 Most Roma Friendly Mayor Award – North Macedonia from EU Neighbourhood & Enlargement on Vimeo.