Градоначалникот на општина Берово г-дин Звонко Пекевски беше прогласен за најпријателски Ромски градоначалник од Република Северна Македонија во Брисел на церемонијата која што се оддржа во Европскиот парламент на 09. Април, 2024 година. Тој го доби официјалното признание и наградата од претставниците на Европскиот парламент и Европската комисија. На настанот присуствуваа сите градоначалници-добитници на наградата од регионот на западен Балкан и Турција.
Во рамките на проектот „Зајакнување на ромските жени – моќ на промената во Западен Балкан и Турција“ (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 заеднички имплементиран од Roma Active Albania, ERGO Network и Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објави конкурс за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“
Изборот за „Најпријателски Ромски градоначалник“ се организира за подобрување на дијалогот на локалните власти и Ромската заедница, и добрите пракси на дијалог да станат видливи. Целта на изборот е да биде конструктивна алатка за подобрување на состојбата на Ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните примери, без обвинувања на останатите. Фокусирајќи се на филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог помеѓу локалните власти и Ромската заедница, изборот може да помогне гласот на Ромската заедница да биде слушнат!
РРОМА во соработка со коалицијата “Khetane” внимателно го организираше изборот во Република Северна Македонија, која што го прогласи градоначалникот Пекевски со освоени 238 поени, наспроти Битола со 164 поени и Гостивар со 156 поени.
Како градоначалник на Берово Звонко Пекевски се залага за вклучување на граѓаните во процесите на одлучување и управување со општината во делот на буџетирањето и транспарентното и одговорно владеење. позитивен соживот и вклучување на сите етнички заедници. Секогаш е достапен за граѓаните за решавање на колективните но и лични индивидуални проблеми и потреби, со посветеност при реализација на активности со кои ќе им обезбедат подобри услови за живеење, намлување на социјалните разлики, зголемување на вработеноста преку пример со вработување на граѓани од ромската заедница, како и стимулација и поттикнување на традиционалното занаетчиство кое може да допринесе за поголем развој на туризмот како еден од столбовите за локален развој на Општина Берово.
Брошура од сите добитници – Most Roma Friendly Mayors 2024
2024 Most Roma Friendly Mayor Award – North Macedonia from EU Neighbourhood & Enlargement on Vimeo.