Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Заврши младинската размена „Acting for employment and fair treatment“

Волонтери на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација беа дел од младинската размена „Acting for employment and fair treatment“ кој што се одржа од 25.05.2025 до 05.06.2025 во Бребу, Романија.

Целта на проектот е учесниците да ги подобрат своите шанси на пазарот на трудот, беше клучно да се стекнат со вештини како техники за интервју, пишување CV и јавно говорење, додека истовремено се зајакнуваше нивната самодоверба и самопочит. Дополнително, подигањето на свеста за предрасудите и обезбедувањето алатки за борба против дискриминацијата помогнаа во создавањето на поинклузивна и поправедна работна средина.

Цели на проектот:

  • Подобрување на способноста на 42 млади учесници за спроведување на работни интервјуа.
  • Помош на учесниците во препознавање на предрасудите и дискриминацијата на пазарот на трудот.
  • Користење на театарот како алатка за предизвикување и надминување на дискриминацијата.
  • Зајакнување на самодовербата и самопочитта на учесниците.

Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата.